Два авиона се судриле на пистата на аеродромот крај градот Сургут, а за среќа нема повредени.
Додека механичарите работеле на редовен сервис на авионот ATR 72 на компанијата ЮТэйр, а неговите мотори биле активни, ненадејно авионот почнал да се движи при што удрил во патничкиот регионален авион Яковлев Як-40 на авиокомпанијата СКОЛ, кој бил паркиран.
Двата авиона биле оштетени, но за среќа механичарите во ATR 72 не биле повредени, додека Як-40 бил празен.
Меѓународниот аеродром „Сургут“ се наоѓа крај истоимениот град во Тјумењската област во западниот дел на Сибир.
ATR 72 е двопропелерски авион од италијанско-францускиот производител ATR наменет за кратки релации, додека Як-40 е регионален тримоторен авион на рускиот производител А.С. Яковлев.