Боливиски воен авион се урнал само неколку минути при полетувањето при што загинале сите шестмина во него.
Авионот паднал во боливискиот дел од регионот Амазонија, во околината на градот Тринидад во североисточниот дел од земјата. Имало двајца членови на екипажот и четворица цивили кои биле шпански државјани.
Според боливиското Министерство за внатрешни работи, летот бил во химанитарна мисија пренесувајќи патници до градот Санта Крус каде требало да се качат на лет за да се вратат дома. Летот носел и тестови за коронавирус.
Поради пандемијата со коронавирусот, четворицата Шпанци биле заглавени во Боливија и конечно требало да се вратат дома.
Засега не е познато поради што дошло до несреќата.