Се урна дел од зграда на универзитет во Санкт Петербург, сите се безбедно евакуирани

Санкт Петербург, 16 февруари 2019 (МИА) – Дел од зградата на универзитет во рускиот град Санкт Петербург се урна попладнево, но сите студенти и професори кои се наоѓале внатре се безбедно евакуирани, соопштија службите за итни случаи.

Потврдено е дека 86 лица се безбедно евакуирани и не е пронајдено ниту едно тело под урнатините за време на спасувачката операција.

Ректорот на универзитетот Владимир Василев изјави дека никој не останал затрупан под урнатините.

Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува Russia Today. На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.

Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.

реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе