Приватниот авион на славната пејачка Пинк се урна во текот на слетување на аеродром во Данска.
Според официјалните извештаи, авион цесна 560 XL кој летал од Норвешка се запалил непосредно пред слетување. На снимките објавени на интернет се гледаат екипи на противпожарните служби на местото на настанот.
Авионот превезувал седум патници, четири државјани на САД, двајца од Австралија и еден Британец. Тричлениот екипаж бил составен од германски пилоти и стјуардеса од Германија. Никој од патниците и членовите на екипаж не е повреден.
Пинк е на светска турнеја, а утре треба да настапи во Данска.