Во пад на руски воен школски авион Л-39 во регионот на Краснодарск погина пилотот, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Борбениот школски авион се урна денеска во текот на рутиски лет во регионот на Краснодарск, околу 16 часот по московско време, соопшти министерството, пренесе ТАСС.
Авионот не бил вооружен, а пилотот, кадет на военото училиште, не успеал да се катапултира и погинал во несреќата.
Спасувачките екипи се не терен и работат на увид на местото на падот на авионот.