Сè уште е рано за отворање на границите, вели Филипче

Сè уште е рано за отворање на границите кај нас. Сметам дека треба да помине уште еден период во кој ќе ги имплементираме нашите мерки на олабавување. Потребен е координиран пристап со сите соседни земји да се направи заедничка стратегија за отворање на границите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали властите разгледуваат отворање на нашите граници, со оглед дека сите соседи најавија отворање.

Филипче истакна дека на средбата во Атина разговарале за повеќе пристапи на отворање на границите.

– Тоа што го разговаравме во Атина беше прво да се дискутира можноста границите да се поминуваат без тестови, имајќи предвид дека тоа има логика кога станува збор за мали групи, меѓутоа ја губи смислата кога станува збор за масовно поминување на граници, посебно од земји кои претходно имале различен ризик од болеста, рече Филипче.

Натаму, се разгледувало поминувањето на границите да се олесни да се спречи формирање долги колони граѓани на самите гранични премини

– Од грчката страна исто така сè уште очекуваме и одговор да се овозможи бесплатно лекување на било кој од граѓаните од овие шест соседни земји во земјата каде што ќе се затекнат, а доколку заболат од коронавирусот, истакна Филипче.

Србија најави отворање на границите на 1 јуни, при што за нашите државјани нема да биде потребен тест за COVID-19, додека Грција најави дека ќе ги отвори своите граници за соседните земји од 1 јули, исто така без задолжително тестирање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе