Се венчале 60 години откако родителите не им дозволиле

Шест децении откако нивните родители ја раскинале веридбата, еден пар од Англија повторно се пронашол и се венчал со задоцнување од 60 години.

Лен Олбрајтон (79) и Жанет Стир (78) имале исклучително тежок пат до нивната венчавка, но и двајцата се среќни што сепак успеале да го направат тоа.

Двојката прв пат се запознала во 1963 година кога Лен имал 19, а Жанет 18. Работеле како медицински техничари во болницата „Сент Мери“ во Њупорт, Англија и се заљубиле на прв поглед.

Наскоро Лен ја запросил Жанет и таа прифатила. Меѓутоа, во тоа време возраста на согласност беше 21 година, а Жанет била три години премлада. Нејзините родители ја откажале планираната венчавка, а Лен добил срцепарателно писмо во кое Жанет ја откажала веридбата.

URL

Во текот на следните 50 години Лен се оженил со жена во Австралија, имал три деца, се развел и се преселил во Стивениџ каде работел како окружен медицински техничар.

Во меѓувреме, Жанет останала на островот Вајт за да стане медицинска сестра, а потоа се омажила за поморски офицер и родила две деца.

Била во пензија и сè уште со сопругот кога Лен решил да ја најде.

„Бев исплашен, не знаејќи каква ќе биде нејзината реакција или дали воопшто ќе ја видам. Заминав во сомнеж. Не беше лесно да ја најдам, но ја најдов. Само се надевав дека е добро - не очекував било што друго“, вели тој, пренесува Metro.

„За малку ќе умрев кога сфатив дека стои покрај мојата градина. Мило ми беше што ме побара. Во тоа време многу размислував за него“, вели Жанет.

Потоа го испратила бившиот свршеник и на сопругот му рекла дека е странец која прашувал за насоки на каде треба да оди за да си го најде патот.

Меѓутоа, две години подоцна, сопругот на Жанет починал од рак, а таа го контактирала Лен користејќи ја адресата што ја навел на божикната честитка претходната година.

После тоа, во 2018 година таа се согласила да се пресели во Стивениџ за да живее со него, а минатата година Лен повторно клекнал на едно колено и ја замолил да се омажи за него. Нивната венчавка се одржа на 11 февруари годинава.

Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Живот

Како правилно се чистат екраните?

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Татковците се помалку под стрес од мајките

Read more

Болоња: Потценет туристички рај во кој ќе уживаат гастрономите

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Читај повеќе

Како правилно се чистат екраните?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трикови за шминкање со Дејвид Бекам

Читај повеќе

Кои се најчести знаци на зголемена простата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Читај повеќе

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Читај повеќе

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Читај повеќе

Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Читај повеќе

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе