Се влошува состојбата со COVID-19, можни нови рестриктивни мерки

Состојбата со COVID-19 станува сѐ полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките. Токму затоа, можно е воведување на нови рестрикции, а најмногу се размислува за  задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли и казни.

Главната причина за зголемување на бројката, според анализите на надлежните, се должи на непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека деновиве ќе информираат за новите мерки што се планираат согласно стратегијата која е развиена од Комисијата за заразни болести.

Задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави во затворени простори, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно за бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз се дел од мерките кои се разгледуваат.

Карантиот, појасни министерот, не го планираат и се надеваат дека нема да стигнеме до таму, и затоа мерките се помеки.

Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат.

Според Филипче, апсолутно е недозволиво покрај сите најави за ризиците што ги носи овој период значителен дел од граѓаните и понатаму да не ги почитуваат и да ги прекршуваат мерките. Недозволиво е како што рече, и сериозен дел од бизнисите, пред се од угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки.

-Да ги почитуваме мерките и да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптоварени и изморени здравствени работници кои заради зголемениот број пациенти нема да можат да пружат соодветна нега и грижа. Да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници, порача вчера на прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

Појасни дека иако во моментот вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем. Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, потенцира, уште на почетокот на летото го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри.

И покрај можните ризици, сепак останува препораката училиштата да почнат со работа. За дневниот престој, се чекаат конечните бројки од МОН.

-Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ако го следиме функционирањето на градинките, секојдневно практично ги пратиме бројките и епидемиолошките мини случувања во однос на појава на мини кластери во рамките на поединечни општини за во таа смисла да може да интервенираме или да дадеме дури и некоја таргетирана препорака во некој еден одреден дел од земјата. Значи, не на територијата на целата земја и тоа не само врз основа на бројката, туку и врз основа на епидемиолошките податоци, односно како тие луѓе се заразиле, кои биле контактите итн, рече Филипче.

COVID-19 е се поприсутен меѓу работноспособното население, а најголем број на заболени имаат над 60 години.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 88 случаи на заболени со COVID-19, од вкупно 1.618 тестирања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867. Оздравени се вкупно 14.084 пациенти, а починале 705. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078, најмногу во Скопје 564, во Куманово 215, Тетово 134 и во Прилеп 119.

Во болниците од COVID-19 се лечат 341 пациент, од кои 43 се на кислородна поддршка, а четворица се на респираторна машина.

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Македонија

Премиерот не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Read more

Нови 640 случаи, 12 починати и 143 оздравени

Read more

Заев: Подобар договор со Бугарија не можеме да постигнеме

Read more

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива

Read more

Вести

Премиерот не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Нови 640 случаи, 12 починати и 143 оздравени

Читај повеќе

Заев: Подобар договор со Бугарија не можеме да постигнеме

Читај повеќе
  • play_arrow

Обама: Трамп не може ни себеси да се заштити од коронавирусот

Читај повеќе

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива

Читај повеќе

Родова (не)еднаквост: Само 47% од жените во светот имаат платена работа

Читај повеќе

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 24 и 25 октомври

Читај повеќе

Три медицински сестри од ГАК позитивни на COVID-19, а доктор и директорката се во самоизолација

Читај повеќе