Се враќа „Галаксија“ - првиот југословенски компјутер

На почетокот на 80-тите години, кога во светот на компјутерите владееја имиња како Commodore и Sinclair, пронаоѓачот, писател и новинар Воја Антониќ на пазарот на тогашна Југославија го претстави компјутерот „Галаксија“.

Овој 8-битен уред што се склопуваше по принципот „направи сам“, го делеше процесорот со Sinclair ЗХ80 и се продаваше од 1984 година преку истоименото списание за популаризација на науката, и тоа во делови, па мораше сами да го составите ако сакате да го користите. Сè на сè, ова беше првиот персонален компјутер произведен во Југославија.

Враќање на легендата

Едно од легендарните „парчиња“ технолошка историја на овие простори сега ќе биде оживеано со помош на crowd-funding иницијатива. Имено, оваа недела успешно беше завршена кампањата на платформата Crowd Supply, каде Антониќ и тим ентузијасти собраа 17.000 американски долари за документарен филм и нова продукција на „Галаксија“ во минимално освежена верзија.

Овој рудиментарен компјутер сепак ќе се заснова на истиот процесор и меморија, а само копчињата и нивните прекинувачи ќе бидат во помодерен дизајн. Имено, тие велат дека денес е невозможно да се добијат оригиналните прекинувачи и копчиња, пренесува порталот Bug.

Купувачите кои ќе издвојат 299 долари ќе го добијат целиот ретро „Галаксија“ во делови што ќе треба сами да ги соберат и склопат. После тоа, ќе имаат целосно функционален компјутер од 80-тите, заедно со вградениот BASIC, така што ќе можат веднаш да го поврзат со ТВ или монитор.

Што се однесува до документaрецот, Антониќ и тимот веќе имаат подготвено голем дел од материјалот, но сепак треба да снимат неколку интервјуа со главните актери ширум поранешна Југославија. Снимањето ќе се одвива во Србија, Словенија, Црна Гора и Хрватска.

Remote video URL

Спецификации на „Галаксија“

Процесор: Z80A на 3,072 MHz

ROM: 4-8 KB

RAM: 2-6 KB (максимум 54 KB)

Вграден јазик: BASIC

Екран: 16 редови од 32 карактери, 48×64 пиксели, црно-бел

Звук: нема

Потрошувачка на електрична енергија: 5 W

Поврзувања: монитор, ТВ, касетофон, 44-пински приклучок за проширување

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе