По речиси три децении, на пазарот се враќа легендарното Renault 4.
Renault 4 дебитираше на 28. август 1961 година, а се произведуваше во наредните триесетина години. На почетокот на годинава, францускиот производител најави враќање на четворката, која во современата верзија ќе има електричен погон.
Холандскиот магазин Autovise овјави патентни цртежи од новата и модерна четворка. Иако има современ дизајн, љубителите на оригиналното Renault 4 лесно ќе ги забележат деталите кои потсетуваат на стариот модел.
Според цртежите, модерната верзија ќе биде поголема и станува збор за кросовер возило, а симболично ќе ја носи ознаката 4Ever.
Повеќе детали се очекуваат наскоро.