На 17 октомври, третата сезона од серијата The Lincoln Lawyer пристигнува на Netflix.
Станува збор за една од најпопуларните адвокатски серии која редовно се наоѓа на листата на десетте најгледани наслови на стриминг платформата.
Адвокатот Мики Халер (Мануел Гарсија-Рулфо) ја води својата адвокатска пракса од задното седиште на неговиот Lincoln, преземајќи големи и мали случаи низ Лос Анџелес.
Серијата е базирана на серијата бестселери на познатиот писател Мајкл Конели, а заплетот на третата сезона е заснован на петтата книга од серијалот The Lincoln Lawyer, „Боговите на вината“. Во серијата глумат и Нев Кембел, Беки Њутн, Џез Рејкол и Ангус Сампсон.
„Оваа сезона е многу возбудлива. Мики се бори со романсата, жените, случаите. Тешко е да се погоди што ќе се случи и кој ќе биде виновен“, изјави Гарсија-Рулфо.
Иако втората сезона беше поделена на два дела, Netflix соопшти дека сите десет епизоди од третата сезона ќе бидат достапни почнувајќи од 17 октомври.