Сивестер Сталоне се враќа во улогата на Двајт „Генералот“ Манфреди во новата сезона на Tulsa King.
Во оваа крими-драма, легендарниот актер глуми мафијаш кој е ослободен од затвор по 25 години. Откако неговиот шеф ќе го протера во Тулса, Оклахома, тој сфаќа дека мафијашката фамилија можеби нема да му мисли најдобро, па полека составува тим од неверојатни ликови кои ќе му помогнат да воспостави сопствена империја.
Во новата сезона од десет епизоди, Двајт и неговата екипа продолжуваат таму каде што застанале. Откако доби закани од мафијата од Канзас Сити и моќен локален бизнисмен, Двајт мора да се бори да ги заштити своето семејство и бизнис.
The Tulsa King е еден од најзначајните хитови на Paramount. Премиерата на првата сезона ја погледнаа 3,7 милиони гледачи, соборувајќи го рекордот за нејзината стриминг платформа.
Ова е прва главна улога на Сталоне во ТВ-серија. Покрај него, во актерската екипа се и Анабела Скиора, Татјана Запардино, Андреа Севиџ, Мартин Стар, Макс Касела, Доменик Ломбардоци, Винсент Пјаца, Џеј Вил, Гарет Хедлунд и Дејна Делани.
Втората сезона премиерно ќе биде прикажана в недела, на 15 септември. Една епизода ќе се емитува секоја недела до финалето на 17 ноември. Кај нас серијата можете да ја гледате на платформата SkyShowtime.