Вести

Се враќа омилениот плеер Winamp

12. февруари 2018 - 17:29 | М.Д.

Сите кои пораснаа во времето на почетоците на интернетот, односно кога мрежата почна да го доживува својот прв бум, едноставно не можеа, а да не користат Winamp, еден од најпопуларните и најомилените музички плеери, на кого денеска со носталгија се сеќаваме.

Winamp, од неодамна, стана повторно достапен, овој пат како емулатор кој може да се отвори од било кој актуелен интернет пребарувач.

Корисниците можат да си играат со промена на различни фајлови, на тој начин што ќе ги префрлат во прозорецот browser или да ги додаваат на ист начин како и mp3 фајловите, ако се уште ги имате.

Новиот Winamp изгледа и функционира како и оригиналниот, а единствено нешто што му недостасува е Milkdrop 2.0 додаток за визуелни ефекти, кои ја следеа музиката пуштена во Winamp.

Авторот на оваа верзија на Winamp е програмер од Сан Франциско.

Инаку, за потсетување, музичкиот плеер Winamp прекина да добива ажурирања и нови верзии од 2014 година.

Коментирај