Нов кандидат за гол на сезоната ни доаѓа од Франција и тоа постигнат во доста необичен стил.

Играчот на Брест, Ирвин Кардона, постигна гол кој веројатно ќе влезе во фудбалска историја и долго ќе се врти како еден од најубавите погодоци.
23-годишниот Кардона всушност беше резерва и влезе во игра во 73. минута кога неговиот тим веќе имаше водство од 0:1 на гостувањето кај Дижон, а згора на тоа имаше и играч повеќе.
Во 5. минута од судиското надополнување Кардона на една нафрлена топка скокна, се задржа во воздух и со волеј ја затресе домашната мрежа поставувајќи ги конечните 0:2.
Неговиот гол и тоа како потсетува на сцена од „Matrix“ каде задржувањето во воздух беше заштитен знак.