Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, кај шеќерот и брашното засега без интервенции

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца.

Во однос на шеќерот и брашното сè уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.

-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.

Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.

-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Македонија

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Read more
 

Вести

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Читај повеќе
  • play_arrow

Нацист од Втората светска војна доби овации од Зеленски и Трудо

Читај повеќе

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Читај повеќе

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Читај повеќе

Осуденици од Идризово тврдат дека затворски полицајци ги уценуваат

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Читај повеќе

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Читај повеќе

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

Читај повеќе