Гејминг

Се затвори црната дупка во Fortnite, пристигна Chapter 2

16. октомври 2019 - 9:14 | А.С.

Во овие две години откако постои, островот во Fortnite беше местото каде се собираат милиони луѓе за да ја играат оваа популарна игра. Меѓутоа, мапата исчезна и играчите гледаа само цра дупка, но Fortnite се врати.

Девелоперот Epic го претстави новото Chapter 2 што носи нова локација за истражување. Новиот остров изгледа подив и недопрен во споредба со претходниот, има многу планини, шуми и езера, помалку градови и урбани населби.

Прилично се разликува, а зеленилото ги потсети првите играчи на Fortnite на „старите добри денови“. Тоа најверојатно ќе се менува со надоградувањата и новата сезона.

Она што е познато е дека играчите во битка ќе влегуваат со летечки автобус.

Chapter 2 носи многу можости, како пливање и риболов, како и нови возила за користење, како и чамци.

Тука е и новата можност за multiplayer што им овозможува на играчите координација на танцувањето со нивните пријатели.

Меѓу новите оружја достапни во играта се вбројуваат ракетниот фрлач и новиот полуавтоматски пиштол, а играчите сега ќе може да се кријат во сено и во контејнери.

Играта доби и нова претплатничка battle пропусница која играчите може да ја купат и со неа да добијат бонуси како скинови.

Коментирај