Се збогатија играјќи игрици - колку заработуваат најуспешните еспортисти?

Најталентираните еспортисти заработуваат милиони долари на турнирите за видео-игрици.

Видео игриците се само форма на забава за многумина од нас. Сепак, за најталентираните гејмери, тие се одлична можност да се натпреваруваат со најдобрите играчи од целиот свет и да заработат од нивните вештини со освојување на турнири што ги гледаат милиони гледачи. Всушност, колку е популарен еспортот најдобро кажуваат огромните наградни фондови, па без разлика дали ги следите или не, мора да ве интересира - колку пари заработуваат најуспешните еспорт играчи во светот?

Според веб-страницата Esports Charts, има 65.824 регистрирани професионални гејмери, кои на турнири се натпреваруваат во различни игрици.

Кога станува збор за заработката, најпрофитабилните турнири се оние на кои се игра „DOTA 2“ Всушност, дури 20 од најуспешните еспорт играчи заработиле големи суми на оваа игрица, а на врвот на листата е N0tail, Данец кој во последните 8 години освоил дури 7.184.163 долари. Зад него е финскиот еспортист JerAx, кој во кариерата заработил 6.486.623 долари, додека на третото место е Французинот Ceb, кој од игрицата „DOTA 2“ заработил 5.925.842 долари.

Најуспешниот професионален играч на „Fortnite“, Bugha, е на 21. место на листата со заработка од 3.690.091 долар, додека Dupreeh најмногу заработил во игрицата „Counter-Strike“ - дури 2.211.464 долари и е на 39-тото место.

Кога станува збор за регионот, убедливо најмногу пари заработил Мартин Саздов од Македонија, попознат како Saksa, кој е на 24. место и собрал 3.151.808 долари на „DOTA 2“ турнирите. Второто место во регионот (108. во светот) му припадна на NiKo, односно Никола Ковач од Босна и Херцеговина, кој освоил 1.369.491 долар благодарение на вештините во „Counter-Strike“. Словенецот TaySon е трет (144. во светот), а преку игрицата „Fortnite“ заработил 1.193.139 долари.

Од 2009 во Македонија постои еспорт федерација, односно Македонска еспорт федерација (МЕСФ). Ги раководи националните еспорт репрезентации, клубови, лиги и купови. Одговорна е за организирање на домашни и меѓународни турнири во еспорт.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Read more

Гејминг

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Read more

Игрицата Assassin's Creed Shadows е одложена за 20 март

Read more

Столот за гејмери на Razer има функции за греење и ладење

Read more

LG претстави свитлив 5K2K OLED монитор

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе