Македонија

Се зголемува бројот на заболени од грип, регистрирани над 1.000 заболени

22. јануари 2020 - 15:58 | МИА

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Се зголемува бројот на заболени од грип. Изминатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени. Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип Б, АH1 и АH3, изјави денеска д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека тоа што циркулира во Европа го има и кај нас.

– Од 14 пациенти кои биле хоспитализирани земен е материјал, а половина од низ се позитивни на грип. Тоа значи дека половина од пациентите биле хоспитализирани поради пневмонии, што се должи на грип. Сè уште ги обработуваме податоците во однос на критичните пациенти, бидејќи таков тип информации не ги добиваме преку редовниот надзор, туку преку јавување во болниците, додаде д-р Микиќ. 

Коментирај