Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 13 јануари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,563%, кај дизелот за 4,337%, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 4,124% и кај мазутот зголемувањето е за 2,809%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3152%.
Од 17 јануари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 79,50 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 81,50 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 75,50 (ден/л)
- масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (ден/л)
- мазут М-1 НС 46,336 (ден/кг)
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,051 денари/килограм и сега ќе изнесува 46,336 денари/килограм.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и на Екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.