ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Се зголемуваат шансите Италија да игра на Мундијалот наместо Еквадор

Поранешниот висок член на КОНИ ги разгоре надежите на италијанските навивачи велејќи дека шансите Италија да се најде во Катар се „многу поконкретни отколку што луѓето мислат“.

„Аѕурите“ не успеаја да се пласираат на завршницата во Катар откако загубија на домашен терен од Македонија во март. Но, нивните надежи оживеаја откако Чиле поднесе жалба до ФИФА обвинувајќи го Еквадор дека во јужноамериканските квалификации настапувал со играч кој е Колумбиец и кој има лажни податоци во своето еквадорско државјанство, вклучително и годината на раѓање (обвинението е дека е неколку години постар отколку што се претставува).

Франко Кименти, кој сега е претседател на Италијанската голф федерација, а порано беше висок член на КОНИ (Италијанскиот олимписки комитет), и кој важи за голем експерт кога станува збор за спортското право, смета дека Италија има големи шанси да добие втора шанса и да отпатува за Катар.

„Сѐ уште има шанса да ја видиме Италија на Светското првенство и е многу поконкретка отколку што луѓето мислат“, е неговата изјава која ја пренесува реномираната La Repubblica.

„Очигледно Еквадор користел играч кој не смеел да биде на терен и сега ќе платат за тоа. Доколку тоа се случи, друга земја ќе ги замени, а правилата на ФИФА велат дека репрезентацијата со највисок ФИФА рејтинг треба да биде повикана. Во моментов - тоа е Италија“, објаснува Кименти.

URL

Минатата недела ФИФА потврди дека започнала истрага околу пријавата на Чиле дека Еквадор ги фалсификувал документите на фудбалерот Бајрон Кастиљо.

Иако Италијанците се оптимисти, прашање е колку навистина ФИФА ќе го реши овој проблем во нивна полза. Чиле го пријави Еквадор не за Италија да игра во Катар, туку за таму да се најде Чиле. На страна тоа што Италијанците правилата си ги толкуваат како што ним им одговара.

Имено, постојат два начина на кои ФИФА може да го реши овој случај:

1) да му ги одземе на Еквадор освоените бодови од натпреварите на кои настапил со контроверзниот Кастиљо, а со тоа на конечната табела во Јужна Америка на место кое води во Катар ќе се најде Чиле;

2) едноставно да го дисквалификува Еквадор без да прави промени во квалификациската табела, а на негово место да повика друга репрезентација и тоа:

– 2а) бидејќи секоја зона има определен број на места на завршницата, за да се задржи рамноправноста ФИФА може да одбере да го замени Еквадор со најдобро рангираната јужноамериканска репрезентација, а при такво сценарио ќе се офајди Колумбија;

– 2б) ФИФА да одлучи на Мундијалот да се квалификува најдобро рангираната репрезентација од нејзината ранг-листа, а да е од било која зона, случај во кој Италија, која е на 6. место и единствена од топ 10 која не избори пласман, би се израдувала.

За било кое од овие сценарија да се оствари прво треба да почекаме ФИФА да потврди дека Кастиљо навистина имал фалсификувани документи и Еквадор да биде казнет. Дотогаш - сите можат само да се надеваат. Италија веќе се разочара од една одлука на ФИФА откако гаеја надежи дека Иран ќе биде исфрлен поради забраната за жени за присуство на стадионите, но ФИФА тоа експресно го реши без исфрлање на Иран.

Од друга страна, зошто Италија да добие гратис место кога нашата Македонија ја исфрли уште во 1. коло од баражите и отидовме подалеку во квалификациите од нив?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе