Сеад Кочан треба да се јави во затвор за „Труст“ на 17 јули

Скопје, 20 јуни 2019 (МИА) – Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“.

Упатниот акт, како што информираат од Кривичниот суд, веќе му е доставен на Кочан.

„Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како ‘Труст’, изготви  и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор. Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа“, стои во денешното соопштение од Основен кривичен суд – Скопје.

Инаку, предметот „Труст“ на СЈО, Апелацискиот суд го проследи до Кривичниот суд и преку АКМИС системот беше распределен на судија за извршување санкции за да му издаде упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан кога треба да се јави на издржување на затворската казна.

Како што информираа од Кривичниот суд, Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години, а за второобвинетиот определи условна казна.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе