СЕДИ ДОМА И ЧИТАЈ ДЕКАМЕРОН

#СедиДома и читај новели: „Госпоѓата и витезот раскажувач“

„Декамерон“ на Џовани Бокачо е книгата која најдобро коренспондира на ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа, нашата идеја вели да читаме барем по една новела секој ден за да си пополниме дел од времето кое сега го имаме и тоа како вишок.

Бокачо ја издал „Декамерон“ во 1353 година и таа претставува збирка на 100 новели. За време на чумата во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи), се засолнуваат во една куќа надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена сите десетмина секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема зададена од одговорниот на денот.

Шестиот наш избор е приказната за еден витез кој со раскажување новела сакал да пофали една дама.

„ГОСПОЃАТА И ВИТЕЗОТ РАСКАЖУВАЧ“

Не многу одамна во Фиренца живееше една убаво воспитана и речита благородна дама, толку доблесна што не заслужува името да ѝ биде премолчано. Таа, значи, беше госпоѓата Орета1, која му беше сопруга на господинот Џери Спина. Кога еднаш се најде на село, за разонода одеше од едно место до друго, заедно со други дами и витези, кои истиот тој ден биле кај неа на ручек. Некако им се виде долг патот, по кој беа тргнале пеш, па во еден миг еден член на дружината рече:

– Госпоѓо Орета, јас би можел, ако сакате, низ најголемиот дел од патот што ни преостанува да ве пренесам со мојот коњ, на плеќите на една од најубавите новели на светот.

Дамата му одговори:

– Добро господине, повелете, ќе ми биде многу драго.

Господинот витез, кому, веројатно, ни мечот не му личеше подобро на телото отколку раскажувањето на устата, кога го слушна одговорот, започна некоја своја новела, која, навистина, самата за себе си беше прекрасна, но тој, откако три, четири или шестпати повтори еден ист збор, па се врати наназад во раскажувањето и повремено велеше: „Не, не кажав добро“, а често ги грешеше и имињата, заменувајќи едно со друго, непоправливо ја расипа новелата, а да не кажувам колку многу ги објаснуваше особините на ликовите и настаните во дејството.

Додека го слушаше, госпоѓата Орета често се потеше, ѝ замалуваше срцето, како да беше смртно болна, па кога веќе не можеше да ги трпи тие маки, гледајќи дека витезот се заглавил во калта, без надеж дека ќе се извлече оттаму, љубезно му рече:

– Господине, овој ваш коњ премногу се тресе, па ве молам, ако сакате, да ме спуштите на земја.

Витезот, кој случајно беше многу подобар слушател отколку раскажувач, ја сфати пораката, па ја прими на шега, а потоа се зафати да раскажува други новели, додека онаа што ја започна и толку лошо ја раскажуваше, ја остави засекогаш незавршена.

1 Орета е скратено име за Лаурета, дама која навистина постоела. Била ќерка на маркизот Маласпина и сопруга на извесниот Џери Спина.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе