СЕДИ ДОМА И ЧИТАЈ ДЕКАМЕРОН

#СедиДома и читај новели: „Кипарскиот крал и дамата од Гаскоња“

„Декамерон“ на Џовани Бокачо е книгата која најдобро коренспондира на ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа, нашата идеја вели да читаме барем по една новела секој ден за да си пополниме дел од времето кое сега го имаме и тоа како вишок.

Бокачо ја издал „Декамерон“ во 1353 година и таа претставува збирка на 100 новели. За време на чумата во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи), се засолнуваат во една куќа надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена сите десетмина секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема зададена од одговорниот на денот.

Трет наш избор е приказната за кралот од Кипар кој трпен најразни навреди сè додека не се појавила една дама од Гаскоња.

„КИПАРСКИОТ КРАЛ И ДАМАТА ОД ГАСКОЊА“

Во времето на првиот крал на Кипар1, по освојувањето на Светата земја од страна на Готфрид од Бујон2, се случи една благородна дама од Гаскоња, која беше заминала на аџилак во Ерусалим, враќајќи се оттаму, да се најде на Кипар и од некои злосторници да биде навредена. Откако неутешно се јадосувала, помислила да оди да се пожали кај кралот. Но, некој ѝ рече дека трудот би ѝ бил залуден, бидејќи тој имал попустлив карактер и толку неспособен бил за ништо, така што не само туѓите злодела со правдина што не ги казнувал, туку безбројни неправди што нему му биле нанесувани со срамна страшливост ги поднесувал. Затоа, секој што бил за нешто гневен, си ја олеснувал душата нанесувајќи му навреди и срамоти.

Кога го слушна ова дамата, загуби секаква надеж дека ќе се одмазди, па за да си го олесни својот гнев, посака да ја прекори неспособноста на споменатиот крал, та застанувајќи во плач пред него, му рече:

– Господару мој, не дојдов кај тебе за да барам одмазда за неправдата што ми беше сторена, туку во замена за неа те молам да ме научиш како ги поднесуваш ти оние што слушам дека и тебе ти биле сторени, така што, научувајќи од тебе, ќе можам и јас мојата мирно да ја поднесам. Па, кога би можела, Бог ми е сведок за тоа, со драго срце би ти ја подарила, оти навистина толку добро сите ги поднесуваш.

Кралот, кој сѐ дотогаш беше страшлив и мрзлив, речиси како од сон да се разбуди, па почнувајќи од неправдата нанесена на оваа дама, која строго ја казни, оттогаш натаму стана опасен прогонувач на секој што ќе се осмелеше нешто да стори против честа на неговата круна.

1 Ги де Лисињан, ерусалимски владетел, станал првиот крал на Кипар (1194-1205) и втемелувач на повеќевековната династија што владеела со овој остров.
2 Готфрид од Бујон, еден од водачите на Првата крстоносна војна, кој го освоил Ерусалим во 1099 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе