СЕДИ ДОМА И ЧИТАЈ ДЕКАМЕРОН

#СедиДома и читај новели: „Маркизот од Салуцо“

„Декамерон“ на Џовани Бокачо е книгата која најдобро коренспондира на ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа, нашата идеја вели да читаме барем по една новела секој ден за да си пополниме дел од времето кое сега го имаме и тоа како вишок.

Бокачо ја издал „Декамерон“ во 1353 година и таа претставува збирка на 100 новели. За време на чумата во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи), се засолнуваат во една куќа надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена сите десетмина секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема зададена од одговорниот на денот.

Втор наш избор е приказната за маркизот од Салуцо кој се изживува врз својата жена Гризелда, која пак има карактеристики како ниедна благородничка и достоинствено истрпува сè.

„МАРКИЗОТ ОД САЛУЦО“

Пред многу години, на чело на родот на маркизите од Салуцо, беше еден млад човек по име Гуалтиери кој немаше ни жена ни деца, па времето го минуваше главно во на животни и птици и не размислуваше ниту да се жени, ниту деца да одгледува, што во неговиот случај можеби беше и сосема мудро. Но ова не им беше по волја на неговите поданици, па повеќепати го тераа да се ожени, за да не остане тој без наследник, а тие без господар, нудејќи се тие да му најдат жена, која ќе потекнува од добри родители, која ним ќе им ја врати надежта во иднината, а и нему многу ќе му се допадне. Гуалтиери им одговори:

– Пријатели мои, вие ме принудувате на нешто што јас никогашне бев подготвен да го направам, знаејќи колку е тешко да се пронајде некој што со своите навики ќе ти биде соодветен и колку е почесто обратното, т.е. колку му станува пеколен животот на оној што ќе налета на жена којашто нема да му  одговара. Тоа што вие ми велите дека ја проценувате ќерката според карактерот на таткото и мајката, така што велите дека ќе најдете некоја којашто ќе ми се допадне, тоа е многу глупаво, затоа што јас не знам како можете вие да ги знаете татковците, или пак тајните на мајката, а дури и да ги знаете, многу често се случува ќерките да се поинакви и од своите мајки и од татковците. Но штом толку сакате да ме оковате со овие окови, еве, јас сум согласен, па доколку работата не успее, за да не морам да прекорувам никој друг освен себеси, јас самиот ќе си пронајдам жена, ветувајќи ви дека, која и да ја одберам, ако не биде од вас почитувана како госпоѓа, на ваша голема штета ќе се уверите колку било погрешно што сум се оженил против своја волја, а на ваш наговор.

Благородните поданици му одговорија дека тие сигурно ќе бидат задоволни, само тој нека се погрижи да се ожени.

Уште одмна на Гуалтиери му се допаѓаше една сиромашна девојка од соседното село, а бидејќи му се гледаше и убава, мислеше дека ќе живее со неа среќно. Па не барајќи понатаму, реши да се ожени за неа. Нареди да го повикаат татко ѝ, кој беше многу сиромашен човек, за да се договори со него како да ја земе ќерка му за жена. Потоа, Гуалтиери ги собра сите свои пријатели од својот крај и им рече вака:

– Пријатели мои, вие сакавте и сакате да се оженам, а јас се согласив со тоа, повеќе да ви угодам вам одошто себеси. Вие знаете што ми ветивте, а тоа е дека ќе бидете задоволни и ќе ја почитувате како своја господарка таа што ќе ја земам. Ете, дојде време да го исполнам моето ветување, но сакам и вие да го исполните вашето. Избрав девојка по срце од нашиот крај. Се решив да ја земам за жена и да ја доведам дома по неколку дена. Затоа гледајте свадбата да биде убава и да ја примите невестата со почести, за да бидам јас задоволен како што ќе бидете и вие.

Добрите луѓе радосно одговорија дека така им е драго и дека ќе ја почитуваат како дама и господарка, па која и да е таа. Потоа сите се потрудија да приготвата свечена и убава свадба, а исто така и Гуалтиери. И тој нареди да се приготви сè за да биде сјајна свадбата, и повика многу свои роднини и пријатели и многу благородници од тој крај. Освен тоа, нареди да се скрои и да се сошие прекрасна и богата облека спрема ставата и висината на некоја девојка што му се чинеше слична на таа што се решил да ја земе. Тогаш приготви уште и колани и прстења и прекрасен скапоцен венец и сè што е нужно за невеста. Во денот одреден за свадба, Гуалтиери пред трите часот го јавна коњот, а тоа го сторија сите што дојдоа со своето присуство да ја почестат свадбата. Наредувајќи сè што е нужно, рече:

– Господа, време е да одиме по невестата.

И со својата придружба се упати кон селцето. Кога дојдоа пред куќата на татко и на девојката, ја најдоа како брзо се враќа од извор, за да оди со другите жени да ја пречека невестата на Гуалтиери. Кога ја виде Гуалтиери, ја викна на име, тоест Гризелда и ја праша кај е татко и. Таа одговори срамежливо.

– Господару, дома е.

Тогаш Гуалтиери слезе од коњ и им нареди на сите да го почекаат, а самиот тој влезе во сиромашната колиба, каде што го најде татка ѝ, по име Џануколе, ѝ рече:

– Дојдов да ја земам Гризелда за жена, но сакам најнапред да разберам нешто од неа во твое присуство.

Тогаш ја праша дали секогаш ќе се труди, ако ја земе за жена, да му угоди во сè, и никогаш нема да се лути што и да и стори или да ѝ рече, дали ќе биде покорна и многу други работи. На сето тоа таа одговори дека сака. Тогаш Гуалтиери ја зеде за рака, ја изведе и во присуство на целата своја придружба и сите други што беа таму ѝ нареди да се соблече сосема, а на слугите им нареди да му ја донесат облеката што ја приготвил и да ја облечат веднаш. Тогаш на главата, на онака разбушавената коса како што ѝ беше ѝ го стави венецот. Бидејќи сите се зачудија на ова, рече:

– Господа, оваа е таа што решив да ја земам за жена, ако ме сака таа за свој маж.

А тогаш ѝ се обрати нејзе којашто сета засрамена, со наведната глава и изненадена стоеше и ја праша:

– Гризелда, сакаш ли да ме земеш за маж?

На тоа таа одговори:

– Сакам, господару.

А тој одговори:

– И јас те сакам за жена.

Така во присуство на сите се венчаа. Тогаш тој ја качи на коњ и со голема придружба ја одведе дома, каде што беше приредена свечена свадба и толку сјајна, како да ја зел за жена черката на францускиот крал.

Но, изгледаше дека невестата со својата облека си ги изменила и навиките. Таа беше, како што рековме веќе, со танка става и лична во лицето, па како што беше убава, набргу стана така мила и пристојна, како да не е ќерка на Џануколе и како да не пасела овци до вчера, туку како да е ќерка на благородник. И сите што ја познаваа од порано, се восхитуваа од неа.

Освен тоа, толку му беше понизна и покорна на својот маж, што тој се чувствуваше како најсреќниот и најзадоволен маж на светот. И кон поданиците на својот маж исто така беше љубезна и мила, што немаше човек којшто не ја сакаше повеќе од себеси и што не ја почитуваше, молејќи се за нејзиното добро и нејзина среќа. И додека порано имаа обичај да зборуваат дека не е умно од Гуалтиери што ја зел за жена, сега сметаа дека тој е навистина најпаметниот и најразумниот човек на светот, зашто никој никогаш, освен него, не сфатил дека под онаа сиромашка и селска облека се крие душа така полна со добродетели.

И накратко, не само низ нивниот маркизат, туку и понатаму, многу брзо се рашири гласот за нејзината добрина и за нејзините дела, па сите го напаѓаа тој што ќе речеше макар нешто против нејзиниот маж што ја зел за жена.

Таа не живееше долго со Гуалтиери кога затрудне и во одредено време роди ќерка на најголема радост на Гуалтиери. Но, малку потоа, во главата му се заврте чудна мисла да ја искуша жената и на најневеројатни начини да ја испита нејзината трпеливост, па најнапред почна да ја мачи со зборови, лутејќи се на неа и зборувајќи и дека неговите поданици се многу незадоволни од неа поради нејзиниот низок род, апоготово сега, кога гледаат дека раѓа. И зборуваше дека тие непрестајно мрморат откако и се родила ќерката. На тие зборови, жената, не изменувајќи се ни во лицето, ни во душата, рече:

– Господару мој, стори од мене тоа што сметаш дека ти налага твојата чест и што ќе ти донесе мир, а јас ќе бидам задоволна со сè, зашто знам дека сум од низок род и дека не сум била достојна за честа и положбата на која ти ме издигна милостиво.

Тој одговор многу му се допадна на Гуалтиери, зашто сфати дека не се возгордеала поради честа што и ја искажуваше и тој и другите. Малку време потоа, откако зборуваше онака дека поданиците не му ја поднесуваат ќерката, се договори со некој свој слуга и го испрати кај неа, а тој со тажно лице ѝ рече вака:

– Госпоѓо, ако ми е мил животот, треба да го сторам тоа што ми наредил господарот, атој ми заповеда да ја земам ќерка ви и да…

И молкна.

Кога госпоѓата ги ислуша зборовите и го виде неговото лице, па кога си ги спомни зборовите на својот маж, сфати дека му е наредено да го отепа детето. Веднаш го зеде девојчето од колепката, го бакна и го благослови и макар што срцето и се кинеше од жал, не се измени во лицето, туку му го даде детето но слугата в раце зборувајќи:

– Земи ја и стори точно така како што наредил твојот господар. Но немој да ја оставиш да ја изедат ѕверови и да ја растргнат грабливи птици, ако не ти наредил тој.

Слугата го зеде детето и зборовите на госпоѓата му ги соопшти на својот господар, а тој се восхити од нејзината постојаност. Слугата и детето ги испрати во Болоња кај некоја своја роднина, молејќи ја да го одгледа грижливо и да го воспита, но никому да не кажува чија ќерка е. Набргу потоа госпоѓата пак затрудне и во одредено време роди машко чедо на голема радост на Гуалтиери. И не му беше доста тоа што веќе го стори, туку уште потешко го рани срцето на жената, кога еден ден, божем налутено ѝ рече:

– Жено, откако ми го роди и синот, не можам веќе да живеам во мир со моите поданици, туку се жалат дека внукот на Џануколо по мојата смрт ќе стане нивни господар. Сè се плашам дека ќе треба да сторам како што сторив порано, и најпосле треба да те оставам и да земам друга жена, ако не сакам да ме прогонат од земјата.

Госпоѓата го ислуша трпеливо и само одговори:

– Господару мој, мисли само на тоа како да си угодиш себеси и да ги задоволиш своите желби. На мене немој да мислиш, зашто мене ми е мило само тоа што ти е тебе по волја.

По неколку дена Гуалтиери исто така, како што ја зеде ќерката, го испрати слугата по синот и како божем го отепал, го испрати во Болоња, како и ќерката. Ни тогаш госпоѓата не се измени во лицето, ниту пак рече нешто друго освен тоа што го рече за девојчето. Гуалтиери и се восхитуваше и беше уверен дека ниедна друга жена на светот не би можела да постапи така. И да не ги љубеше така своите деца, додека тоа му беше по волја, би помислил дека не се грижи за нив, но знаеше дека тоа го прави зашто е умна. Неговите поданици, мислејќи дека наредил да се отепаат децата, го напаѓаа поради нечовештина, додека кон жената имаа големо сочувство. А таа на своите дами, што ја жалеа поради смртта на децата, никогаш ништо друго не им рече, освен дека е задоволна со тоа што сака тој што ги зачнал со неа.

А кога поминаа многу години по раѓањето на девојчето, Гуалтиери намисли за последен пат да го искуша трпението на жената, па на мнозина им изјави дека за ништо на светот ја нејќе веќе Гризелда за жена, и дека сега ја сфатил својата младешка лудост и дека со сите сили ќе настојува папата да му го поништи бракот, за да може да ја остави Гризелда и да доведе друга жена. Заради тоа, сите добри луѓе го кудеа мошне, а тој им одговараше дека така мора да биде.

Госпоѓата го дозна тоа и во срцето силно се нажали, зашто и се чинеше дека ќе мора да се врати во куќата на татка си и можеби пак да пасе овци како порано, а на нејзино место ќе дојде друга жена и ќе ја ужива љубовта на тој кого таа го љубеше најмногу на светот. Но, како што ги претрпе сите несреќи што и ги испрати судбината, така се реши со мирно лице да го прими и ова.

Не мина многу и по Гвалиериева наредба пристигнаа од Рим лажни писма со кои им докажа на своите поданици дека папата го поништил неговиот брак и му дозволил да земе друга жена. Затоа ја повика Гризелда и во присуство на многу луѓе ѝ рече:

– Госпоѓо, со папина дозвола можам да земам друга жена, а тебе да те оставам. Бидејќи моите претци биле луѓе од висок род, и господари на оваа земја, атвоите биле селани, се решив да го растурам нашиот брак и ти да се вратиш во куќата на Џакуноле со миразот што си го донела; а јас ќе си доведам друга жена што прилега на мојот положај.
Кога ги ислуша овие зборови госпоѓата одвај ги задржа солзите и со напор што ја надминува женската сила одговори:

– Господару мој, никогаш не ми излегло од ум дека моето ниско потекло не одговара на вашето благородство, а за положајот на кој ме издигнавте вие, ви благодарам вам и на бога и никогаш не сум сметала дека тој дар е моја сопственост, туку сметав дека ми е само позајмен. Си го сакате ли назад? Мене мора да ми е по волја, и ми е, да ви го вратам. Еве ви го прстенот со кој сте ме венчале, земете го. Ми наредувате да си го однесам миразот што сум го донела: за тоа ниту вам ви е нужен ризничар, ниту мене бисаги и добиче зашто не сум заборавила дека ме одведовте гола од дома. Па ако сметате дека е чесно сите да ја видат снагата во чиј скут сум ги носела децата што сум ги зачнала со вас, гола ќе си одам.

Но, ви се молам, како награда за мојата девственост што ја донесов, а не ја однесувам, да ми допуштите со миразот да однесам само една кошула.
На Гуалтиери му беа очите полни со солзи, но во лицето остана тврд зборувајќи:

– Однеси ја кошулата.

Сите што беа таму го молеа да и подари барем еден фустан, да не излезе од неговата куќа така сиромашки и така срамно, само по кошула, таа што тринаесет и повеќе години била негова жена. Но сите молби беа попусто. Тогаш госпоѓата, боса, само по кошула и со непокриена глава, ги благослови сите, излезе од куќата и се врати кај татка си исплакана и изжалена од сите што го видоа тоа. Џануколе, којшто никогаш не можеше да верува дека Гуалтиери навистина ќе ја држи ќерка му за жена и секој ден чекаше да стане ова, беше ја дочувал нејзината облека што ја соблекла тој ден кога ја зеде Гуалтиери за жена. Тој и ја врати облеката и таа ја облече пак и се посвети на домашните работи како и порано, храбро поднесувајќи го тешкиот удар што и го нанесе немилосрдната судбина.

Кога го стори тоа Гуалтиери, ги увери сите дека зел за жена ќерка на еден од грофовите Панаго и со големи подготовки за свадба и порача на Гризелда да дојде кај него. А кога дојде ѝ рече:

– Ќе доведам дома нова невеста, па сакам да ја пречекам достојно. А ти знаеш дека во куќата нема жени што би знаеле убаво да ги суредат собите и да приготват сè друго што е нужно за ваква свеченост. И бидејќи никој тоа не би го сторил тоа подобро од тебе, уреди ти сè што треба, повикај дами кои мислиш и прими ги како да си овдека господарка. По свадбата можеш да си одиш дома.

Макар што тие зборови беа остри ножеви забодени во срцето на Гризелда, зашто не можеше да се откаже од љубовта кон него, како што се откажа од среќата, одговори:

– Господару мој, готова сум да постапам по вашата земја.

Тука во својата проста и груба облека влезе во куќата од која неодамна излезе само по кошула, па почна да ги чисти и да ги суредува собите и со помошта на слугите да закачува завеси и да постила килими по салоните, да приготвува сè во кујната и да ги свршува сите работи како да е последна слугинка во куќата. И не се запре дури на намести и суреди сè, како што треба. Тогаш од името на Гуалтиери ги повика сите дами од околината и почна да ја чека свеченоста. А кога дојде денот на свадбата, макар што на неа беа сиромашки алишта, таа отмено и господски, со радосно лице ги прими сите дами што дојдоа.

Меѓутоа, по желбата на Гуалтиери неговите деца беа грижливо воспитани во Болоња кај некоја негова роднина што беше мажена во куќата на грофовите Панаго. Ќерка му беше сторила веќе дванаесет години и по убавина немаше рамна на неа, а момчето имаше шест години. Тој испрати во Болоња порака молејќи го својот роднина да се удостои да дојде со неговата ќерка и синот во Салуцо и да поведе убава придружба, а секому да кажува дека девојката му ја води нему за невеста, но никому да не ја открива вистината.

Благородникот стори сè како што го молеше маркизот и тргна на пат, па по неколку дена со девојката и брат и и со убавата придружба дојде токму во време ручек во Салуцо, каде што сите селани, а и многу луѓе од околината ја дочекуваа новата невеста на Гуалтиери. Дамите ја примија и ја одведоа во салонот каде што беа поставени масите, а Гризелда во онаа сиромашка облека и излезе во пресрет зборувајќи:

– Добре дошла, госпоѓо!

Дамите го молеа и го колнеа Гуалтиери да и дозволи на Гризелда да остане во некоја соба или барем да ѝ позајми некој од фустаните што биле нејзини, да не излезе така пред гостите, но попусто. Сите дами седнаа на трпеза и слугите зедоа да ги послужуваат. Девојчето го гледаа сите и сите се сложуваа во тоа дека Гуалтиери добро избрал, а најмногу ја фалеше Гризелда, и неа, и нејзиниот малечок брат.

На Гуалтиери сега му се чинеше дека ја задоволил својата желба и дека наполно се увери во стрпливоста на жена си, па гледајќи дека ништо не може да ја поколеба и дека причината за тоа не е глупавост, зашто знаеше дека е умна, се реши да ја ослободи од горчината за која наслутуваше дека ја крие под мирното лице. Затоа ја повика и во присуство на сите ја праша:

– Како ти се допаѓа нашата невеста?

– Господару, – одговори Гризелда – ми се допаѓа многу, и ако е така умна, како што е убава, а верувам дека е, не се сомневам во тоа дека со неа ќе бидете најсреќниот човек на светот. само ве молам од срце и ве колнам да не ја мачите како што ја мачевте таа што беше некогаш ваша жена зашто не верувам дека би можела да поднесе бидејќи е млада и израсната во богатство, додека првата од детството беше навикната на труд и на мака.

Гледајќи Гуалтиери како таа е цврсто уверена дека довел нова невеста, а сепак зборува само добро за неа, и предложи да седне до него зборувајќи:

– Гризелда, дојде време да примиш награда за твојата долга трпеливост и тие што сметаа дека сум суров, опак и груб, да сфатат дека сето тоа сум го правел со определена цел, да те научам тебе да бидеш добра жена, а нив да знаат да одберат жена, па така да си создадам мир, сè додека да живеам со тебе. Имав страв кога те земав за жена дека нема да биде така. Па за да те искушам, те навредував и те измачував како што знаеш. А сега, кога се уверив дека ни со збор, ни со дело не си сторила ништо што да се противи на мојата волја, мислам дека ти ќе ми го пружиш бараното задоволство, па решив да ти вратам веднаш сè што сум ти одзел во многу денови и со најголема љубов да ја ублажам болката што сум ти ја задал.

Затоа, со радосно срце прими ја како мое и твое дете таа за која мислеше дека ми е невеста и нејзиниот брат. Тие се децата, за кои ти, а и други долго веруваа дека сурово сум наредил да се отепаат, а јас сум ти маж што те љуби над сè, и знам дека никој не може да се пофали со својата жена како јас.

Кога го рече тоа, ја прегрна и ја бакна, додека таа плачеше од радост, отидоа до местото каде што седеше ќерка им и сета збунета го слушаше разговорот. Нежно ја прегрна и ја бакна неа и брат и, па така неа и сите други ги изведоа од заблудата.

Сите дами зарадувани станаа од масата и со Гризелда отидоа во нејзината соба. Честитајќи и, ја соблекоа од неа сиромашката облека и ја облекоа раскошно; па како дама, а таа изгледаше како таква и во партали, ја одведоа во салонот. Тогаш започна голема веселба и радост, а гозбата и забавата продолжија уште многу дни. Сега сите беа на мислење дека Гуалтиери е умен човек, но дека беа претешки и немилосрдни искушенијата што ги претрпе неговата жена, а сите од ред ја сметаа Гризелда за извонредно умна жена.

Грофот од Панаго по неколку дeнa се врати во Болоња, а Гуалтиери го тргна Џануколе од земјоделските работи, па како свој роднина го на повисока положба, за да може достоинствено и спокојно да ја проживее својата старост. А тој, откако одлично ја омажи својата ќерка, заедно со Гризелда, која ја почитуваше над сѐ друго на светот, уште долго живееше во мир и во благосостојба.

И што да се каже сега, освен тоа дека и во бедните домови се спуштаат од небото божествени духови, како што и во кралските палати има такви што се подостојни да бидат свињари отколку господари. Кој, освен Гризелда, би можел без солзи, дури и со ведар лик, да ги поднесува суровите и невидени искушенија на кои ја подложи Гуалтиери? А нему, можеби не ќе беше лошо да му се паднеше некоја којашто, кога ја истера надвор само по кошула, веднап би отишла кај друг маж, кој убаво би ѝ ја протресол кожичката, а таа би си добила убави фустани.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе