#СедиДома со Несторовски: Јас останувам изолиран, седете дома и вие

Македонскиот голгетер во ова време на пандемија покаѓжува голема општествена одговорност, останува дома сам, далеку од децата и сопругата.

Илија Несторовски сними видео порака преку својот клуб Удинезе во која им се обраќа на навивачите на клубот. Но, таа порака важи и за сите в Македонија.

„Овој период го минувам малку загрижен, но сигурен сум дека сите ние заедно сме посилни и на крај ќе ја добиеме оваа тешка битка. Во овој момент ми е тешко тоа што сум далеку од мојата фамилија, многу ми недостасуваат моите деца и мојата сопруга. Се надевам дека сѐ ќе се врати во нормала па и тие ќе се вратат тука дома“.

Иле вели дека преголемото слободно време го минува на најразлични начини во својот дом, а колку што му дозволува амбиентот го користи и за да остане во форма.

„Тренирам секој ден, имам голем двор каде може да се трча, клубот ми даде на користење велосипед и тегови и така одржувам форма. Слободното време дома го минувам со гледање телевизија, слушање музика, зборувам со мојата сопруга и моите деца преку FaceTime, играм Ludo King со другари и соиграчи и така времето минува побрзо. Секој ден сум во контакт со соиграчите преку нашата група на WhatsApp, со некои се слушаме преку FaceTime, се известуваме за сѐ и сите се надеваме дека ќе заврши сево ова и што побрзо ќе се вратиме во соблекувалната“.

Популарниот НестоГол на крајот порачува:

„Сакам да испратам порака до навивачите: Јас останувам дома, останете и вие дома бидејќи доколку сите останеме дома можеме да спасиме животи“, заврши Несторовски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе