#СедиДома – Тимот на Моден викенд Скопје предлага пет филмови кои треба да ги погледнете

Во денови на засилени мерки за заштита од коронавирусот, покрај редовно миење раце и самоизолација, најдоброто што може да го направиме за себе е да продолжиме со хранење на умот.

Токму затоа Kajgana.com се здружи со супер ликови од нашите урбани и културно-уметнички кругови кои ќе предлагаат нивни листи со филмови, серии, книги, албуми и слично, со кои можете да го збогатите вашето секојдневие.

По одличните предлози на фотографката Ерина Богоева, продолжуваме со тимот на Моден викенд Скопје, чии членови предложија по еден филм што им оставил силен впечаток и испраќа моќна порака.

#СедиДома и гледај добри филмови!

Моника Алексовска - The Hate U Give (2018)

Го препорачувам филмот „The Hate U Give“, поради моќната порака што самиот филм ја дава. Ги охрабрува младите да заземат свој став, јавно да си го кажат своето мислење или да споделат некоја неправда.

Ти си слушнат, ти си разбран и ти си ценет. Твоето мислење е важно.

Марина Трајковска - Closer (2004)

Насловот можеби е „Поблиску“, но тој се однесува на тоа колку луѓето се далечни, односно не постои реална блискост. Идејата да се соголат меѓусебните односи на ликовите, доведува до универзална идеја за односите меѓу мажите и жените.

Ова не е филм каде се поставува прашањето дали згодниот дечко завршува со убавата девојка, напротив, прашањето кое се поставува е дали љубовта навистина постои. Сите очајно бараат љубов, но пристигнуваат во ќор-сокак поради нивните ненаситни желби кои брзо се менуваат.

Милан Атанасов - Good Bye, Lenin! (2003)

Највеќе уживам во делата на режисерите Вонг Кар Ваи, Ксавие Долан и Педро Алмодовар, заради поетичноста, естетиката и филозофијата со кои се проткаени. Меѓутоа, насловот што ќе го издвојам за читателите е германскиот филм „Good Bye, Lenin!“, еден од ретките што го имам гледано двапати во ист ден.

Главниот лик е подготвен да го сочува здравјето на неговата мајка по секоја цена. Дури и да ја промени светската историја исклучиво за неа, обвиткувајќи ја со лажна реалност во која таа ќе биде сигурна и среќна. Музиката на Јан Тирсен совршено го придружува визуелниот елемент на сцените.

Ова е филм што ќе ви ги згрее срцата со емотивниот и топол приказ на најчистата љубов. Филм што во повеќе наврати ќе ве насмее, ама и изнуди по некоја солза. Филм што ќе ви покаже дека останувањето дома е најмалата „жртва“ која може да ја направите за добросостојбата на ближните!

Јулија Бошевска - Coco Before Chanel (2009)

Ова е инспиративна приказна за животот на легендарната Коко Шанел, која и покрај тоа што животот бил многу суров кон неа, никогаш не се откажала од нејзините цели.

Успеала да се избори и да остави свој печат, во ерата на машка доминација во светот. Започнала со изработка на шапки, за на крајот да изгради сопствен бренд кој до денешен ден е еден од најдобрите во светот.

Jана Марковска - The Age of Adaline (2015)

Би сакале ли да останете засекогаш млади? Дали вреди бесмртноста без љубов? Филмот што го препорачувам е полн емоции, излегува од калапот на стереотипна романтична драма, покренувајќи многу прашања за животот и љубовта.

Честопати е тешко за луѓето да го променат својот животен стил, иако имаат чувство на вина, се плашат од непознатото. Ова е приказна за љубовта која на крајот го совладува стравот и осаменоста.

Нѐ остава да размислиме за благословот на стареењето покрај саканите и семејството, додека живееме во свет во кој постојано се слави вечната младост. Одлично стокмен филм и моќна изведба, вреди секој да го изгледа

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе