Гејминг

Седмата сезона на „Fortnite“ доаѓа со Дедо Мраз, авиони и многу снег

6. декември 2018 - 18:09 | К.З.

Неодамна најавената седма сезона на најпопуларната видеоигра во моментов, „Fortnite“, пристигнува во снежно издание. Со неколку промени и интересни новитети, девелоперот Epic денеска го претстави трејлерот за новата сезона.

Највпечатливите промени се случија на островот каде е сместена играта. Тој доби нови жичарници расфрлани наоколу, но претставена е и нова локација наречена Frosty Flights.

Она што вредеше да се чека се снежните локации во „Fortnite“, кои не само што изгледаат убаво туку имаат и свој удел во играта. Според девелоперот, тие ќе предизвикуваат проблеми за движењето на играчите, кои ќе се лизгаат при контакт со снегот.

Новата сезона ќе донесе и неколку нови скинови а еден од нив, наречен Sergeant Santa, навистина ја доловува зимата и новогодишната атмосфера. Отсега играчите ќе можат и да ги модифицираат нивните возила, а како продолжение на минатата сезона девелоперите решија да ги остават животнските миленичиња во играта и притоа да стават неколку нови, меѓу кои е и еден неверојатно симпатичен хрчак.

Седмата сезона на „Fortnite“ ќе биде достапна за сите играчи низ светот веќе од 12 декември.

Коментирај