Седницата за избор на нов потпретседател на Собранието закажана за утре

Скопје, 5 ноември 2019 (МИА) – Поради немање кворум, претседателот на Собранието Талат Џафери, 116. седница на која на дневен ред е предлогот за избор на потпретседател на законодавниот дом ја закажа за утре во 15 часот.

Џафери информира дека претходно врз база на консултации со сите координатори се усогласиле оти според бројот на присутни пратеници во државава денеска без проблем можело да се одржи седницата.

– По одлука политичка, партиска, опозицијата, тоа е нивно право, јас не порекнувам, решиле да не учествуваат во работата на оваа седница. Јас очекував дека процедурално ќе ја кажат причината. Според условите за гласање за да може да се одвива седницата, нема услови да се одлучува. Во претходна консултација со координаторите, присутните координатори ветуваат дека утре ќе можат да обезбедат кворум од минимум 61 пратеник, потребен за одлучување, рече Џафери.

Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен  пратеник, е предложен да биде нов потпретседател на законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Групата пратеници ова барање вчера го доставиле до претседателот на Собранието.

Претходно, Рамчиловиќ на 1 ноември го известил претседателот на Собранието Џафери дека ја напушта Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и оти ќе функционира како независен пратеник.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Според најавата од Џафери, утре, доколку има услови зависно од текот на седницата, во определен момент ќе ја прекине 116 седница и ќе ја продолжат 111.седница на која треба да се гласа за Предлог закон за академија за судии и јавни обвинители, во прво читање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more
 

Вести

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе