Наградата за најдобар документарен филм ја доби „20 дена во Мариупол“, лична приказна на новинарот Мстислав Чернов за опсадата на овој украински град.
Oppenheimer, тричасовниот еп за создавањето на атомската бомба за време на Втората светска војна, е големиот победник на филмските награди БАФТА, освојувајќи вкупно седум награди.
Еден од филмовите со најголема заработка во 2023 година ја доби главната награда на вечерта, најдобар филм. Kилијан Марфи ја доби наградата за најдобар актер во главна улога, Роберт Дауни Џуниор е најдобар актер во споредна улога, филмот доби и награда за монтажа, кинематографија, оригинална филмска музика и за режија за Кристофер Нолан, неговата прва награда БАФТА, пренесува Reuters.
„Има толку многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам за ова, но и на неверојатната актерска екипа“, рече Нолан во својот говор.
Ема Стоун ја доби наградата за актерка во главна улога за готската комедија Poor Creatures, која освои вкупно пет награди. Да'Вајн Џој Рендолф ја доби наградата за најдобра актерка во споредна за The Holdovers, комедија сместена во интернат за само момчиња.
Меѓутоа, блокбастерот Barbie остана без награди, и покрај големиот успех на киноблагајните и бројните номинации.
Други филмови кои имаа повеќе номинации, а не добија награди, се: Maestro, Saltburn, All of Us Strangers и Killers of the Flower Moon.
Судската драма Anatomy of a Fall ја освои наградата за оригинално сценарио.
The Zone of Interest, воен и криминален филм за командант на Аушвиц и неговото семејство кои живеат до нацистичкиот логор на смртта, доби специјална награда за британски филм.
Наградата за најдобар документарен филм ја доби 20 Days in Mariupol, лична приказна на новинарот Мстислав Чернов за опсадата на овој украински град.
„Ова не е за нас, овој филм е за Украина, за луѓето од Мариупол. Падна уште еден украински град и многу градови пред него“, рече Чернов во својот говор.
Целосната листа на добитници на наградите БАФТА 2024 погледнете ја ТУКА.