Седум факти поврзани за сексот кои многумина ги потценуваат

Постојат голем број на текстови во кои паровите се советуваат што треба да прават за да постигнат оргазам, но мал е бројот на оние кои пишуваат што паровите занемаруваат. Cosmopolitan направи листа од седум факти поврзани за сексот кои се сериозно потценети.

Одредени луѓе сметаат дека сексот мора да биде фантастичен секогаш и секогаш да завршува со оргазам. Ова е еден од најчестите и најштетните митови поврзани за сексот. Пред сè, ако вашиот партнер доживее оргазам, тоа не мора нужно да значи дека сте одлични во креветот. Многу луѓе имаат совршено пријатен секс иако оргазмот изостанува.

Мозокот е најважен полов орган

Најдобар секс се случува тогаш кога имате длабока врска со својот партнер. Близу 48 отсто од мажите и 39 отсто од жените сметаат дека љубовта е најважен фактор во постигнување на сексуална среќа. Без разлика на тоа дали сте стварно вљубени во личноста со која имате полови односи или тоа е само моментално чувство, добрата поврзаност несомнено го прави сексот подобар, бидејќи за време на однос ќе биде поудобно и релаксирано.

Комуникацијата е многу важна

Иако сте ја запознале идеална личност и иако сте лудо вљубени, сексот и не ви е така сјаен. Од витално значење е да ги одржувате каналите на комуникација отворени и на тој начин да го надоместите недостатокот од сексуалниот однос. Разговарајте со партнерот за она што навистина ве мачи и на тој начин обидете се да најдете решение.

Разновидноста е забавна

Ако секојдневно јадете ист оброк наскоро ќе ви стане здодевен. Зошто во сексот би било поинаку? Премногу парови заглавуваат во сексуална рутина каде ги прават истите работи, истовремено со истите резултати. Сексот на тој начин станува рутина, а не нешто на што посебно му се радувате.

Не очекувајте секогаш да ви биде забавно

Многу мал број на парови имаат одличен секс секогаш. Дури и паровите кои својот сексуален живот го оценуваат како фантастичен признаваат дека само два или три односи од вкупно десет им носат исклучително задоволство.

Искористите ги играчките

Мислењето дека сите жени можат да доживеат оргазам преку пенетрација исто така е еден од големите сексуални митови. Вистина е дека повеќето жени не доживуваат оргазам преку вагиналната пенетрација, дури во седум од десет случаи е неопходна дополнителна стимулација за да се доживее оргазам. Значи, за да си обезбедите двојно уживање, се препорачува употреба на секс играчки. Овие помагала се одличен начин да го стимулирате клиторисот и да им ги подобрите шанси на жената за оргазам.

Моќта на бакнувањето

Многу парови ја потценуваат важноста на бакнувањето, што е исклучително важно ако земеме во предвид дека тоа е најдобриот начин да се воспостави интимност и тоа е еден од најдобрите сегменти во предиграта.

Лубриканти

Лубрикантите го прават сексот многу подобар. Тие го прават забавен, можат да ја намалат болката, можат да помогнат во решавање на некои проблеми поврзани со природно подмачкување и можат да придонесат за појава на нови чувства при сексот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе