Седум КОВИД грешки што ги правите кога ќе влезете во автомобилот

Иако некои работат од дома за време на пандемија на COVID-19, повеќето од нас сè уште користат автомобил кога одат по намирници, лекови и слично.

Досега, кога влегувавме во автомобилот, размислувавме за безбедносниот појас и слични работи, а сега треба да обрнеме поголемо внимание на она што го допираме.

Постојат неколку работи што ги правите погрешно кога користите автомобил во време на КОВИД пандемијата:

1. Ја вадите заштитната маска од лицето

Носењето маска кога излегувате од дома стана рутина, кај нас пропишана и со закон. Маската нè штити нас, како и оние околу нас. Но, неправилното постапување со маската може да ве изложи на ризик.

Кога влегувате во вашиот автомобил, внесувате микроби од сите места каде што сте биле претходно и од секоја површина што сте ја допреле, а тоа ја вклучува и вашата маска.

Би било пожелно маската да ја носите и во автомобилот, но ако навистина треба да ја тргнете, подгответе кесичка во која ќе можете да ја ставите за да не дојде во контакт со другите површини во возилото. Доколку вашата маска дојде во контакт со која било површина на вашиот автомобил, веднаш дезинфицирајте.

2. Носите контаминирани ракавици

Само затоа што вашите раце се покриени, не значи дека не можете да внесете бактерии во автомобилот. Ако одлучите да носите ракавици, фрлете ги пред да влезете во возилото. Кога влегувате во автомобилот со недезинфицирани ракавици, тоа целосно ја поништува целта на нивната употреба.

3. Не користите средства за дезинфекција

По отстранувањето на ракавиците, потребно е да ги дезинфицирате рацете. Експертите препорачуваат темелно миење на рацете, но кога не сте во можност да го сторите тоа, тогаш барем дезинфицирајте ги рацете.

Да не ги миете рацете со вода и сапун или да ги исчистите со алкохол, средство или влажни марамчиња за дезинфекција пред да допрете што било во автомобилот е грешка број еден.

4. Не го чистите воланот и другите површини што често се допираат

Допирањето јавни кваки, рачки, огради, тастатури и колички во пандемија нè направи свесни за тоа колку често сите допираме заеднички површини.

Голема грешка е да не се избрише кваката, воланот или другите површини во автомобилот уште пред да седнете внатре. Ако во возилото се превезуваат други луца, дезинфекцијата треба да биде посеопфатна.

5. Не го дезинфицирате клучот

Ги дезинфицирате рацете и носите маска, а клучот го земате и користите од секакви површини. Мали дополнителни чекори, како дезинфекција на клучевиte, кредитниte картички и слично, можат да помогнат да се спречи пренесувањето на вирусот.

6. Ги ставате торбите/кесите од продавницата директно на седиштата во возилото

Ставањето на торбите/кесите од продавница (кои би можеле да се контаминирани) директно на седиштата во возилото е голема грешка. Ставете ги директно во багажникот и користете средство за дезинфекција на рацете откако ќе се вратите во автомобилот. Ова ќе спречи контаминација на стерилните површини во вашиот автомобил.

7. Прозорците ви се затворени

Важноста на вентилацијата е една од работите што експертите особено ја потенцираат во борбата против коронавирусот. Добрата вентилација спречува ширење на вирусот низ воздухот. Оставете го прозорецот барем малку отворен. Ова може да помогне да се намали акумулацијата на честички на вирусот во возилото, што е доста важно ако некој друг освен вас го користи автомобилот.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Авто новости

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Read more

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Read more

Стокец од 10.000 евра!

Read more
 

Автомобили

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии од новиот Alfa Romeo: SUV Milano од секој агол

Читај повеќе