Седум начини како да го подобрите здравјето оваа пролет

Пролетта е идеален период за воведување промени кои ќе го подобрат вашето здравје. Одделивме неколку совети од нутриционисти со чија помош ќе го освежите организмот.

1. Јадете целер

Експертите го сметаат целерот за намирница која помага во намалувањето на крвниот притисок, а исто така има ефект на диуретик. Со тоа помага во елиминирањето на вишокот течности.

„Смутито од целер не е најдобра опција за консумирање бидејќи со блендирањето се намалуваат влакната кои се добри за здравјето на цревата“, истакнува нутриционистката Ријанон Ламбер.

Наместо тоа, најдобро е да го исецкате и таков да го додадете во оброците.

2. Квалитетен сон

Недостатокот на сон се поврзува со повеќе здравствени проблеми, почнувајќи од вишок на килограми до Алцјахмерова болест. Доколку имате проблеми со спиењето гледајте секој ден да минувате најмалку половина час надвор, бидејќи сончевата светлина влијае на спиењето.

3. Не се исцрпувајте

Бидете физички активни, но немојте претерано да се исцрпувате на тренинзите. Експертите советуваат да се занимавате со активности кои не се премногу интензивни, како на пример јога.

4. Масажа

Масажата може да ве опушти, да ја подобри циркулацијата и да ги исфрли токсините од телото.

5. Јадете печурки

Екстрактот од печурки е сè почеста состојка во производите за кожа поради позитивните ефекти против стареењето. Јадете печурки бидејќи освен што ќе ве одржуваат младолики, тие го подобруваат и имуниот систем.

6. Пијте кефир

Ферментiраните намирници, меѓу кои и кефирот, добро делуваат на бактериите во цревата, а спречуваат лошите бактерии да ја преземат контролата.

7. Вежбајте

Не постојат доволно добри изговори за да не вежбате, особено не во денешно време кога на YouTube може да најдете толку вежби, без никаква опрема.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе