Седум најчести фитнес митови во кои веруваме

Здравата исхрана и физичката активност во последниве години станаа сè попопуларен тренд. Но, нашето фитнес „патување” често може да го отежнат погрешни информации и заблуди, како на пример овие.

Со вежбање може да ги избришете лошите навики во исхраната

Дури 80% од вашиот изглед зависи од тоа што јадете и како јадете. Kaлориите и мастите лесно се внесуваат, но потешко е да се ослободите од нив.

Со вежбање сакате само да ги истакнете мускулите

Нормално, можно е, но не доколку не внимавате што јадете. Вашите мускули се доволно оформени и затегнати, но не се видливи поради мастите со кои се покриени.

На жените им се потребни поинакви вежби од мажите

Мажите и жените се од иста планета. Иако можеби се разликуваат кога е во прашање мускулната сила, но ова не значи дека треба да вежбаат различно. Мажите сакаат да се фокусираат на стомачните мускули, градите и рацете, а жените обично се фокусираат на вежби за задникот и нозете.

Жените треба да креваат помали тежини и да прават повеќе повторувања отколку мажите

Жените често се плашат дека со дигање на тешки тегови би можеле премногу да ги развијат мускулите, што не е вистина, тврдат стручњаците. И на мажите и на жените им се препорачува вежбање со тежини кои им се предизвик.

Секогаш морате да се истегнете пред вежбање

Конвенционална мудрост е дека истегнувањето помага да се спречат повредите. Наспроти тоа, ризикот од повреди се зголемува, велат фитнес тренерите. Затоа, загрејте се добро со кардио тренинг, а истегнете се после тренинг.

Повеќе масти ќе согорите на празен стомак

Според мислењето на стручњаците, вежбањето со празен стомак повеќе ги троши мускулите, а недостатокот на „гориво” не овозможува врвни перформанси.

Шејковите се одлични за губење килограми

Не е дека се лоши, но нема да ве одржат сити, па подобро одберете интегрални намирници. Но, доколку сепак сакате да ги консумирате, додадете протеин од сурутка за да ве заситат.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе