Седум навики на родителите кои воспитуваат среќни деца

Иако воспитувањето деца е прекрасно искуство, тоа може да биде и многу напорно.

Среќата на децата е најголем приоритет на многу родители, но поради нивниот брз начин на живот и многубројните обврски, можеби не секогаш можат значително да влијаат на расположението на нивните деца.

Сепак, постојат некои родителски навики кои можат да го поврзат семејството. Едукаторот за родители, психолог за мајки и деца Џејми Блох сподели седум совети за тоа како мајките и татковците можат да станат родители што нивните деца ги сакаат, а во исто време позитивно да влијаат на нивната среќа.

Еве што таа издвои во нова објава на Instagram.

Не сфаќајте ништо лично. Запомнете дека однесувањето на вашите деца го одразува тоа како тие се чувствуваат за себе, а не колку сте добар родител.

Сетете се на времето кога сте биле дете или тинејџер. Обидете се да се сетите како се чувствувавте и што би ви помогнало тогаш.

Поминувајте квалитетно време заедно. Бидете активен учесник во нивните интереси за да ја зајакнете врската.

Најдете креативни начини за комуникација и разговор. Блох истакнува дека омилен начин им е да разговараат во автомобил на пат кон одредена активност или пред спиење.

Дајте им безусловна љубов и поддршка. Ова значи воздржување од осудувачки коментари.

Бидете пример за односот што сакате да го имате со вашите деца. Взаемното почитување значи многу.

Бидете смешни и смејте се. Децата и тинејџерите се подобри кога атмосферата е лесна и забавна. Најдете време за среќни и позитивни спомени и искуства.

„Сите ние се стремиме да бидеме родители што ги сакаат нашите деца, но како можеме да го постигнеме тоа? Постојат одредени видови на родителски практики кои можеме да ги користиме најчесто за да ја зајакнеме врската со нашите деца. Еве неколку навики што можете да ги примените во вашето родителство: безусловна љубов и прифаќање, активно слушање, квалитетно време, почит и насочување, водење со пример, трпение и разбирање“, заклучува Блох.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Живот

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Read more

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Read more

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Read more
 

Магазин

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Читај повеќе

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Читај повеќе
  • play_arrow

Гурмански рецепт: Говедско филе со бибер сос и компири

Читај повеќе

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Читај повеќе