Седум новозаболени од морбили, во животозагрозувачка состојба пациент на Инфективна клиника

Скопје, 4 март 2019 (МИА) – Седум новозаболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои еден е хоспитализиран. Станува збор за 24-годишна пациентка од Куманово, мајка на заболено лежечко дете за која нема евиденција за вакцинален статус, информираат од Клиниката за инфективни болести.

На Клиниката, како што посочуваат, има 31 пациент од кои 15 се возрасни и 16 деца.

Во животозагрозувачка состојба е еден пациент на одделот за интензивна нега кој е на механичка вентилација на Клиниката. Со тешка клиничка слика е и 14-годишен пациент со церебрална парализа и пневмонија. Со сериозна пневмонија е и едно седуммесечно бебе.

Амбулантски се прегледани уште шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои едно е седумгодишно дете од училиштето „Тефејуз“ во Чаир, за кое нема евиденција за вакцинален статус. Останатите се возрасни меѓу кои најмладиот е на возраст од 22 години, а најстариот е на возраст од 44 години, кои се од Скопје освен еден пациент кој е упатен од Гостивар, информираат од Клиниката.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе