Седум особини кои покажуваат дека сте натпросечно интелигентни

Листа од истражувања објавена на Business Insider покажа кои особини се поврзани со повисокото ниво на интелигенција, за разлика од просечното. Станува збор за статистика, па веројатно овие резултати е најдобро да ги земете со резерва.

1. Најстаро дете во семејството

Истражување во 2007 година спроведено меѓу припадници на норвешката војска покажало дека најголемите деца во семејството имаат повисок IQ. Меѓутоа, ова не е генетски предодредено, туку научниците сметаат дека е така поради тоа што родителите повеќе внимание посветуваат во раснењето на своето прво дете, отколку на тие што подоцна се раѓаат.

2. Музикални сте

Во 2011 година е спроведено истражување на група деца. Биле поделени во две групи, првата имала часови по ликовна уметност, а втората по музика. За само 20 дена, 90 проценти од децата во музичката група покажале знаци на повисоко ниво на вербална интелигенција.

3. Непушач сте

Истражување спроведено во 2010 година во Израел, на група мажи од 18 до 21 година, покажало дека пушачите имаат пониско IQ од непушачите. Студијата е спроведена на 20.000 млади мажи и покажала дека просечното IQ на непушачите е повисоко за 7.

4. Слаби сте

Здравото тело е поврзано со здрав ум. Истражување во Франција спроведено во 2006 година откри дека дебелите луѓе се сеќаваат на 44% од зборовите додека послабите се сеќаваат на 56% на зборовите во вербален тест.

5. Леваци сте

Во 2007 година е спроведена студија на 643 луѓе која покажала дека леваците се поинтелигентни од деснаците. Истражувањето сугерира дека леваците се повеќе склони на дивергентно размислување, што е една од најважните карактеристики на креативноста.

6. Имате мачка

Истражување од 2014 година откри дека луѓето кои повеќе сакаат кучиња се поотворени, а оние кои сакаат мачки се поинтелигентни.

7. Високи сте

Истражување спроведено во 2009 година покажа дека повисоките деца имаат подобри резултати на тестовите на интелигенција. Студијата е објавена на страницата на Националниот центар за биотехнолошки информации во САД и тврди дека повисоките луѓе имаат и повисоко IQ.

Освен тоа, истражување од Принстон сугерира дека повисоките деца постигнуваат малку подобри резултати на когнитивните тестови, пренесе Business Insider.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе