Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Непосредно пред завршувањето на уште еден круг околу Сонцето, обично правиме една рекапитулација на изминатата година – што направив во овие 12 месеци?

За да влезете во остатокот од вашиот живот со нова страница, направете една самоанализа што ќе ви помогне подобро да се запознаете и да си поставите јасни цели за годината што следи.

За таа цел, одговорете си искрено на овие седум прашања пред вашиот роденден:

1. Кои цели ги остварив?

Почнете позитивно и размислете кои цели што си ги поставивте лани ги исполнивте во текот на годината. Нова работа, ново хоби, преуредување на станот, патување, промена на навики...? Сите работи кои сте успеале да ги реализирате, дури и оние најмалите, како прочитана книга, нека ви бидат мотивација за во иднина.

2. Кои цели не ги остварив и зошто?

Ако нешто навистина сакате, ќе најдете време и енергија за тоа. Сигурно постои и друга причина, освен стресот и немањето доволно време, зошто не сте реализирале некои планови. Откријте кои се и бидете искрени дали и понатаму сакате да работите на реализирање на таа цел или треба кренете раце од неа.

3. Што ме усреќи?

Ако погледнете на изминатата година со благодарност за убавите работи кои ви се случиле, тоа ќе ви помогне добро да ја почнете следната година. Кажете „благодарам“ на луѓето кои ви значат и им значите.

4. Што не ми успеа?

Тука спаѓаат планови на кои сте работеле, но не се реализирале онака како што вие сте сакале, односно замислиле. Гледајте на нив како на лекции, а не неуспеси. Анализирајте ги и сфатете каде и зошто не излегле како што сте сакале. Не е важно колку пати сте паднале, туку колку пати пак сте се кренале на нозе, нели?

5. За што жалам?

Повторно, од грешките се учи. Можеби ви звучи како клише, но има голема вистина во тоа. Во ред е да се покаете и да зажалите, сѐ додека не ги повторувате тие грешки.

6. Што научив?

Убаво размислете, сигурно на роденденот сте побогати за една вештина, корисна информација, животна лекција... понесете ги со себе во следната година и надградете ги.

7. Што треба да подобрам во мојот живот?

Интроспекциите се важни во циклусите на животот. Кога се погледнува кон иднината, обично нѐ обзема еуфорија и позитивна енергија, надеж дека откако ќе наполниме Х години сѐ ќе биде подобро. Но, промената на подобро почнува од нас самите. Само ние можеме вистински да го смениме нашиот живот, а со тоа и нашата средина. Секогаш можете подобро и повеќе. Сакајте повеќе, давајте повеќе, создавајте повеќе.

Среќно!
реклама

Хороскопски знаци на кои постојано им е потребно внимание

Read more

Србин уапсен во Грција, Хрватска го бара за воени злосторства

Read more

Дончиќ ги смени навиките и никогаш не изгледал подобро

Read more

Македонија или Див Запад: „Жолта минута“ на Арбер Адеми од ДУИ

Read more

Живот

Хороскопски знаци на кои постојано им е потребно внимание

Read more

Топлотен удар: Што треба да знаете и како да се заштитите?

Read more

Стогодишник од Шкотска сѐ уште работи и нема намера да се пензионира

Read more

Што да направите за салатата подолго да остане свежа?

Read more
 

Магазин

Лоши животни навики кои се ризик за развој на рак на дојка

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пита од шолја

Читај повеќе

Трите најважни комплименти кои мажите сакаат да ги слушнат од вас

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најопасни аеродроми во светот

Читај повеќе

Како да го ублажите чешањето по каснување од комарец?

Читај повеќе

Instagram модел: Хејли Мексвилд

Читај повеќе

Не е само алкохолот: Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Читај повеќе

Банана торта без брашно, шеќер и млеко

Читај повеќе

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Читај повеќе