Седум правила за здраво срце

Речиси 80 отсто од причинителите за сите смртни случаи светот им се препишуваат на кардиоваскуларните болести, па поради тоа многу е важно да се работи на превенција на вакви и слични заболувања.

Инфаркт, тахикардија или брадикардија се само некои од најчестите заболувања кои го погодуваат срцето, а тоа со здрава исхрана и воопшто со здрав начин на исхрана дефинитивно е нешто што може да се спречи.

Порталот „Health24“, ни ја пренесува листата од седум правила кои треба да ги практикувате за да имате здраво срце.

Намалете ја телесната тежина

Иако тоа понекогаш е многу тешко да се постигне, обидете се од секојдневната употреба да ги исфрлите нездравите масти и јаглехидрати. Овие две намирници создаваат вишок сало на речиси сите делови од телото, со што се нарушува физичкиот изглед на личноста, но најлошо е тоа што дебелината може да предизвика болести на срцето.

Здрава диета

Пробајте да јадете повеќе овошје и зеленчук, како и житарици. Обидете се да внесувате здрави масти и протеини, а максимално избегнувајте да јадете  рафинирани шеќери, газирани пијалаци и алкохол, храна богата со холестерол, но и сол.

Дневни оброци

Обидете се на вашата чинија за секој оброк да најдете најразновидни намирници. Половина од вашата чинија нека изобилува со овошје и зеленчук со ниско ниво на скроб, а остатокот од чинијата нека ја сочинуваат протеински јадења и намирници богати со влакна.

Физичка активност

Колку и да е тешко, за подобро здравје едноставно мора да се вежба. Половина час пет дена во неделата се сосема доволни за здравјето на срцето да го одржите на ниво.

Прекинете со пушење

Застрашувачки е податокот дека лицата кои се зависници од тутун, умираат од 13 до 14 години порано пред непушачите. Значи, пушењето за три пати повеќе го зголемува ризикот од добивање на некоја срцева болест, а со само тоа и ризикот од прерана смрт.

Намалете го стресот

Стресот сам по себе е доста опасен за човековото здравје, но тој може да биде директен причинител за лошите навики кај луѓето, како што е немањето на желба за физичка активност и земање на преголеми количини на нездрава храна или дури алкохол.

Редуцирајте ја консумацијата на алкохол

Алкохолните пијалаци потребно е да ги консумирате со мерка. Кога зборуваме во контекст за превенција од срцеви заболувања, мажите никако не би смееле да земаат повеќе од две чашки алкохол во текот на денот, а на жените им е дозволена само една чашка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе