Здравје

Седум причини поради кои чувствувате болки во грбот

3. октомври 2012 - 16:17 | Б.С.Б.

Четири од пет личност страдаат од повремени или постојани болки во пределот на грбот, а сега можете да прочитате на кој начин можете да ги спречите болките во иднина.

Насекаде околу вас има екрани

Секојдневното седење пред телевизискиот екран, компјутерот или гледањето во паметните телефони и таблетите може да предизвика болка во рамената, вратот и грбот.

„Многу е важно да направите пауза, да примените некоја вежба и повремено да го чувате телефонот токму пред себе“, вели д-р Дебора Венесј од Клиничкиот центар за здравје во Кливленд.

„Кога предолго седиме, се создава поголем притисок на телото отколку кога стоиме“, вели Џефри Катз, ортопедски хирург, кој советува секојдневно да се користи аларм на вибрации кој ќе не потсетува дека е време за мала пауза.

Сте ги занемариле мускулите

Не е лошо да посветите малку време и на вежбање, бидејќи опуштените мускули допринесуваат за болките.

Спиете на стомак

Уште една причина може да биде и спиењето на стомак, а токму таа положба создава притисок на зглобовите и мускулите. Од друга страна, спиењето на грб и на страна го релаксира телото.

Пушите цигари

„Пушачите почесто имаат проблеми со грбот“, вели доктор Катц, а точната причина за тоа е непозната. Познато е дека никотинот ја отежнува циркулацијата во целото тело, па и во пределот на ’рбетот.

Се наоѓате во емоционален хаос

Луѓето со болки во грбот се почесто депресивни, а според научниците, тоа е последица од преголемата количина на хормонот на стрес, кортизол, кој негативно влијае на мускулите.

Вие сте жртва на модата

Освен високите потпетици, за грбот се штетни и сосема рамните обувки како сандалите, бидејќи најчесто не му овозможуваат соодветна потпора на телото. Најдобро е секојдневно да облекувате чевли со различна висина, но подобро е да ги избегнувате високите потпетици.

Ве боли, па сте си легнале и не станувате

Секогаш имајте на ум дека и лежењето го намалува стресот во грбот, но доколку останете да седите или лежите повеќе од еден или два дена, можете да ја продолжите болката. Затоа умерените активност, како пливањето или пешачењето ја поттикнуваат циркулацијата и ги ублажуваат болката во мускулите.

Коментирај