Седум славни личности кои имале тежок почеток

Иако денес важат за некои од најбогатите и највлијателните личности во светот, овие славни личности имале доста неуспеси во почетокот на своите кариери.

Волт Дизни

Кога аплицирал за работата цртач за весникот „Kansas city star“, Дизни бил одбиен со образложение дека немал доволно фантазија и креативни идеи. Денес е познат како пионер на американската анимациска индустрија. Дизни остави белег во историјата како добитник на 22 Оскари.

Опра Винфри

Славната водителка доби отказ во својата прва телевизиска работа во Балтимор бидејќи „премногу емотивно се внесувала во своите приказни“. Нејзиното богатство денес се проценува на 3 милијарди долари.

Стивен Спилберг

Иако првобитно бил одбиен на факултетот за филмски уметности, Универзитетот во Јужна Каролина, денес една од зградите на овој Универзитет го носи називот токму по познатиот режисер.

Фред Астер

Првиот настап му донел бројни критики. „Не знае да пее, не знае да глуми, лошо игра“, биле само некои од коментарите на негова сметка. Астер денес се наоѓа на петата позиција на листата од 10 најдобри актери на класични холивудски филмови.

Џоана Роулинг

Многумина не знаат дека една од денес најбогатите писателки во светот некогаш одвај составувала крај со крај. Роулинг како самохрана мајка од очај започнала да пишува роман за Хари Потер, а после одбивањата од многумина издавачи, конечниот успех и понатамошните продолженија за малиот магионичар, направија Роулинг во 2004 да влезе во историјата како прва писателка која станала милијардер.

Теодор Сус Гајсел (Доктор Сус)

Пред да стане популарен, книгите на Сус биле одбиени од дури 27 издавачи. До денес се продадени во повеќе од 660 милиони примероци ширум светот.

Лејди Гага

Само три месеци после првобитниот успех, популарната музичка ѕвезда се соочи со рекорден пад на продадени албуми. Сепак, до денес освои шест Греми награди, а нејзиното богатство е проценето на 59 милиони долари.

реклама

Избрани 31 градоначалник во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ со најмногу победници

Read more

Малолетната ќерка на Хајди Клум позираше со разголени гради за Rollacoaster

Read more

Апасиев: Имаме советници во над 30 општини

Read more

Серијата „You“ ја престигна „Squid Game“ и моментално е најгледана на Netflix

Read more

Живот

Кој е најемотивниот хороскопски знак?

Read more

Пораки од потсвеста: 10 симболи од соништата кои не треба да се игнорираат

Read more

Гријер - неофицијалниот главен град на чоколадото и сирењето

Read more

Хороскопски знаци кои ќе ви дадат најдобар љубовен совет

Read more
 

Магазин

Зошто секогаш привлекувате погрешни мажи?

Читај повеќе
  • filter

Креативни идеи за уредување на кујна со шанк

Читај повеќе

Колку протеини ни се потребни во текот на денот?

Читај повеќе

Два чудни симптоми кои откриваат дека сте прележале COVID-19

Читај повеќе

Неколку особини на совршениот маж

Читај повеќе

Малолетната ќерка на Хајди Клум позираше со разголени гради за Rollacoaster

Читај повеќе

Instagram убавица: Фрида Асен

Читај повеќе
  • play_arrow

30 минути домашни јога вежби за поголема флексибилност

Читај повеќе

5 работи кои можат да предвидат развод

Читај повеќе