Седум знаци дека сте ја нашле сродната душа

Должината на врската и тоа колку време поминувате заедно не се категорични знаци дека сте создадени еден за друг.

Тоа не значи дека не сте доживеале љубов или дека вашата врска е лага, но самиот факт дека сте останале заедно долго време не е доволен дека тоа е вашата сродна душа.

Ова се седум знаци дека партнерот со кој сте е вашиот партнер за цел живот.

1. Чувствувавте блискост кон таа личност уште пред да бидете заедно. Без разлика во какви околности сте се запознале, кон таа личност сте почувствувале поврзаност од првиот момент што била подлабока од симпатија или флерт.

2. Заедно сте во вистинско време. Сте се запознале кога и двајцата имавте расчистено со своето минато и свесно сте влегле во врската. Дури и да сте биле со други во моментот на запознавање, нешто посилно ви кажало дека тоа не е тоа и сте ја избрале оваа личност.

3. Ги знаете сите маани на другиот и не ви пречат. Од најмали до најголеми, мааните се дел на секој од нас. Знаете дека и вие не сте совршени и не се ни обидувате да го направите партнерот совршен. Едноставно ви одговара таков каков што е.

4. Не се плашите да разговарате. Без разлика дали станува збор за препреки во врската, за секс, за заеднички одлуки... двајцата навремено разговарате за нештата што ве мачат и сте отворени за сослушување на другата страна. Комуникацијата е клучна за опстојување на врската и градење доверба.

5. Немате потреба постојано да бидете заедно. И откако ќе помине фазата „меден месец“ кога сакате постојано да сте еден со друг и да дознавате повеќе еден за друг, вашата поврзаност е силна и кога не сте заедно. Двајцата ја имате задржано вашата индивидуалност и немате потреба да докажувате колку се сакате со тоа што секаде се појавувате како сијамски близнаци. Тоа значи дека имате доверба еден во друг и вашата љубов е уште посилна кога сте одвоени.

6. Се надополнувате еден со друг. Тоа не значи дека не сте биле целосни без оваа личност, но ве прави да бидете подобра личност за себе и за другите. Верувате во способностите на другиот и го поттикнувате најдоброто еден во друг.

7. Едноставно знаете. Кога сте со таа личност немате сомнеж дека сте го направиле вистинскиот избор, не ја споредувате врската со претходните или со некоја идеална врска во вашата глава, туку само со нетрпение чекате да видите што ќе донесе иднината за вас.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе