Бројот на заразени со COVID-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем.

Барселона денеска објави дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид објави за четворица, а во Севиља за тројца.
Позитивни на COVID-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига.
Второпласираната Севиља соопшти за тројца заразени во своите редови, без да го објави нивниот идентитет.
„Сите заразени играчи се без симптоми и се во домашна изолација во која ќе останат додека не помине пропишаното време за карантин“, наведе клубот од Андалузија.
Во домашен карантин се и фудбалерите на Барселона, Ленгле, Дани Алвес, Жорди Алба, Алекс Балде, Дембеле, Умтити и Гави.
Проблеми со заразени фудбалери имаат речиси сите шпански прволигаши – Рајо Ваљекано 14, Селта Виго 9, Елче 8, Бетис 6, Еспањол и Кадис 6.
Натпреварите во Ла Лига продолжуваат на новогодипната вечер кога со натпреварот помеѓу Валенсија и Еспањол ќе се отвори 19. коло, кое потоа в недела и понеделник ќе се комплетира со останатите натпревари. Но, ситуацијата со заразени може да доведе од одложување на некои натпревари.