Седумте пациенти на Токсикологија од денеска се стабилни

Сите седуммина пациенти сместени на Клиниката за токсикологија во Скопје од денес се во стабилна состојба, без клинички манифестации, вели Андон Чибишев, директор на Клиниката. Кај нив нема изгореници или механички повреди.

„Кај нас во моментот се хоспитализирани седуммина пациенти, кои главно имаат инхалирано голема количина отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат термички или механички повреди, туку главно се со инхалаторни повреди, односно повреди поради вдишување отровни гасови. Добрата вест од денес е што сите се клинички стабилни, без клинички манифестации“, рече директорот Чибишев.

Од моментот кога се случи смртоносниот пожар во Кочани на Клиниката за токсикологија минале 20 пациенти. Од нив, 13 поради влошување на состојбата или поради потреба од механичка вентилација најчесто биле префрлени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде што има машини за механичка вентилација. Некои од пациентите што првично биле донесени на Токсикологија биле пратени и на лекување во странство. Чибишев рече дека сите пациенти што се на нивната клиника во моментот, но и оние што минале на неа, а сега се на КАРИЛ или во странство, се во добра општа состојба.

реклама

Македонија

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Read more

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Read more

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Read more

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе