Фудбал

Сега е официјално: Икер Касиљас се пензионира по срцевиот удар

17. мај 2019 - 11:23 | К.З.

Легендарниот шпански фудбалски голман Икер Касиљас најави дека се пензионира од професионалниот фудбал, откако месецов преживеа шокантен срцев удар.

Касиљас (37) на први мај беше хоспитализиран по срцевиот удар кој го доживеа на тренинг на неговиот клуб Порто.

Сјајната кариера на Икер Касиљас се протега цели 21 година, во која успеа да настапи преку 700 пати за Реал Мадрид и да ја освои секоја можна титула, пред да направи трансфер во Порто во 2015 година. Тој ја зацврсти неговата позиција како еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот кога го освои СП 2010 со репрезентацијата на Шпанија.

Уште по срцевиот удар, докторите изјавија дека ќе биде навистина тешко за Касиљас да ја продолжи кариерата, посебно на највисокото ниво. Со оглед на неговите години, тие го советуваа дека е најдобро да се пензионира по крајот на сезоната и да не остава ништо на случајноста.

Коментирај