Сега Гренланд сака независност: За годинава најавен референдум за отцепување од Данска

Сега е време да го направиме следниот чекор за нашата земја, рече гренландскиот премиер Муци Инекунаалук Ееде навестувајќи го референдумот за годинава.

Премиерот на Гренланд повика на независност од Данска и отстранување на „оковите“ на колонијализмот, пишува Politico.

Гренланд, најголемиот остров во светот со население од околу 60.000 жители (85% Инуити, 7,5% Данци), беше данска колонија пред во 1979 година да стане самоуправен со свој парламент. Останува територија на Данска, а Копенхаген врши контрола врз нејзината надворешна и одбранбена политика. Официјален јазик е гренландски, а признати се и дански и англиски.

Обновениот повик доаѓа откако новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп уште еднаш предложи купување на Гренланд од Данска - предлог што тој го даде за време на неговиот прв мандат и сега го актуелизира, нарекувајќи го стекнувањето на територијата на Арктикот од страна на САД „апсолутна неопходност“.

„Сега е време да го направиме следниот чекор за нашата земја“, рече премиерот на Гренланд, Муци Инекунаалук Ееде.

„Како и другите земји во светот, ние мора да работиме на отстранување на пречките за соработка - кои можеме да ги опишеме како окови на колонијалната ера - и да продолжиме понатаму“, додаде тој.

Ееде, кој го води Гренланд од 2021 година и потекнува од партијата за независност на Заедницата на народот (ИА), рече дека односите на Данска со Гренланд не создале „целосна еднаквост“ и дека островот заслужува да се претставува себеси на светската сцена.

„Нашата соработка со другите земји и нашите трговски односи не можат да продолжат да се одвиваат само преку Данска“, рече тој.

Според договорот од 2009 година со Данска, Гренланд може да прогласи независност само по успешен референдум - за кој Ееде се чини дека навести дека ќе се одржи во тандем со претстојните парламентарни избори на островот во април.

„Веќе започна работата на создавање рамка за Гренланд како независна држава“, рече тој. „Неопходно е да се направат големи чекори... Претстојниот нов изборен период мора заедно со граѓаните да ги создаде овие нови чекори“.

Додека глобалните сили се обидуваат да го прошират својот дофат и отпечаток на Арктикот, Гренланд, богат со минерали - кој е домаќин на американска воена база - е посакуван поради неговата стратешка вредност во безбедноста и трговијата.

Империјалистичките размислувања на Трамп привлекоа остар прекор од Ееде, кој изјави дека Гренланд „не е на продажба“. Данската премиерка Мете Фредериксен во 2019 година ја нарече американската понуда „апсурдна“.

Неколку часа откако Трамп ги објави своите неодамнешни забелешки, Данска  објави  дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на Гренланд за најмалку 1,3 милијарди евра - иако данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, рече дека тајмингот е само „иронија на судбината“.

И покрај своите богати минерални ресурси, Гренланд се потпира на Копенхаген за значителна финансиска помош, добивајќи годишна субвенција од околу 500 милиони евра.

Гренланд самостојно делува и на спорстки план во одредени спортови, а најпознат е во ракометот каде има учествувано и на Светските првенства, последен пат на она во Данска, Норвешка и Шведска во 2023 година во женска конкуренција, а во машка на она Германија во 2007. Фудбалската репрезентација минатата година аплицираше за членство во КОНКАКАФ зоната (Северна Америка), а за членство во ФИФА треба прво да изгради стадиони од затворен тип на кои ќе може да се игра фудбал преку целата година.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Свет

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Read more

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Подморница со руски туристи потона во Египет, загинаа шест лица

Read more
 

Вести

Одложен митингот на Вучиќ што требаше да биде „најголемиот во историјата на Србија“

Читај повеќе

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Читај повеќе

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе