Секое училиште што ги исполнува условите може да организира настава со физичко присуство

МИА/КАЈГАНА
/ 01.09.2020 / 15:28

Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 202/2021 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница.

Планот на Министерството за образование се  базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на COVID-19, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во овој план, појасни Царовска, нудиме комбиниран модел на настава.

-На општините и училиштата им даваме можност да организраат онлајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко присуство во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите, рече Царовска.

Таа ги повика општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат протоколите и понудената комбинираната настава.

При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици, со час од 30 минути во основните и од 35 минути во средните училишта, петминутен одмор помеѓу часовите.

Царовска вчера имаше одделни состаноци со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, како и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.

Претходно Средношколскиот сојуз одржа протест во Скопје за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Remote video URL
реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more
 

Ново

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Читај повеќе

Проверете се: Дали се обидувате да го превоспитате партнерот?

Читај повеќе

Шефот на Mistral AI: Вештачката интелигенција ќе замени половина од деловниот софтвер

Читај повеќе

Русите им нудат на Американците економско „Ел Дорадо“

Читај повеќе

Полнење електрични автомобили: Зошто 80% е подобро од 100%?

Читај повеќе

Веднаш ажурирајте го Google Chrome 

Читај повеќе

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Читај повеќе

Сателитски снимки откриваат: Иран гради бетонски штитови на воени локации

Читај повеќе

Колку деца е премногу деца?

Читај повеќе