Секој има слушнато за Троја, но никој не знае каде точно се наоѓала

Троја, легендарната сцена каде се одиграла Тројанската војна, опишана во „Илијада“ на Хомер, со векови предизвикува интерес кај историчарите, археолозите, но и писателите, поетите, уметниците...

Сепак, колку и да е позната и повторувана самата легенда, вистината е дека сè уште не го знаеме одговорот на основното прашање - каде точно се наоѓала Троја?

Тројанската војна, легендарниот конфликт меѓу Ахајците и Тројанците од 12 век п.н.е., денес е повеќе дел од популарната култура отколку од историјата. Иако луѓето уште од античко време верувале дека војната навистина се случила, како што е запишано во „Илијада“ и „Одисеја“, историското постоење на овој конфликт не е сигурно утврдено.

Повеќето археолози веруваат дека Троја се наоѓала во Мала Азија, денешна северозападна Турција, во близина на брегот југозападно од Дарданелите под планината Ида. Истоимената локација е на околу еден час возење од Чанаккале, град во северозападна Турција.

Германскиот археолог Хајнрих Шлиман вршел ископувања во оваа област во 70-тите години на минатиот век и сè што тогаш било откриено го прогласил за територија на Троја, каква што била опишана во епот на Хомер.

Сепак, подоцнежните истражувања откриле неколку градови во областа изградени во различни периоди - дури десет, од кои најстариот е од 3000 п.н.е! Еден од овие претходни градови - Троја Вила, честопати се нарекува „Хомерова Троја“, но ова тврдење е сè уште контроверзно.

Зошто е контроверзно?

Токму ова мноштво археолошки траги и населби го сочинува проблемот. Бидејќи, како можеме со сигурност да тврдиме дека некои пронајдени артефакти припаѓаат на тројанскиот период, а не на поран или подоцнежен период?

На пример, најспектакуларното откритие на Шлиман беше Богатството на Пријам, наречено така по името по легендарниот владетел на Троја за време на Тројанската војна. Ова откритие своевремено беше спектакуларно бидејќи беше солиден доказ дека Троја навистина постоела и дека конфликтот се случил токму таму.

Самиот Шлиман го именувал пронајденото богатство по Пријам, но уште додека бил жив се појавиле првите индиции дека можеби е околу илјада години постаро отколку што претпоставувал археологот, објави Istorijski zabavnik.

Од друга страна, и на страната на оние кои тврдат дека овој локалитет е местото каде се одиграла најпознатат битка во античката историја, постојат докази - степенот на уништување на пронајдените градби и природната топографија што одговара на описите од хомеровите книги.

Денес, локалитетот е намерно зачуван со минимални интервенции, а ископувањата сè уште траат.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Чек дис аут

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе