Здравје

Секој трет вегетаријанец јаде месо кога е под дејство на алкохол

13. јуни 2019 - 13:26 | А.С.

Најново истражување спроведено во Велика Британија покажа дека секој трет вегетаријанец јаде месо речиси секој пат кога е под дејство на алкохол.

Во истражувањето што го спроведе веб страницата VoucherCodesPro, позната по промовирањето вегетаријански прехранбени навики, учествувале повеќе од 1.700 вегетаријанци.

Според нивните одговори на прашањата во анкетата, 34% од нив јадат месо секогаш кога ќе се поднапијат алкохол на вечерно излегување. 26% рекле дека тоа им се случува прилично често, а 22% поретко.

Според нивните искази, најчесто „го изневеруваат вегетаријанството“ со донер или бургер, но и со некаков вид на колбаси.

Едно од анкетните прашања било дали некому кажале дека кога биле пијани јаделе месо, на што 69% од нив рекле дека не признале никому.

VoucherCodesPro не е првата веб страница која ги исшитува навиките на вегетаријанците.

Едно истражување спроведено лани покажа дека пет од шестмина Американци кои моментално се на вегетаријанска исхрана ќе се вратат на јадење сѐ и сешто.

Коментирај