Авто новости

Секој втор модел на Audi ќе биде SUV

13. јуни 2018 - 9:31 | М.Д.

Германскиот произведувач Audi воодушевен е од продажбата на своите SUV модели, а од почетокот на 2018 година испорача околу 287.500 единици од својот Q модел.

Компанијата од Инглоштад проценува дека до 2025 година SUV класата ќе биде најважниот сектор на Audi, која ќе опфаќа околу 50 отсто од вкупната продажба.

Едноставно кажано, ова ниво Audi веќе го достигна во Северна Америка, каде Q моделите сочинуваат 51 отсто од продажбата.

Најпопуларен модел е Q5 so 24.700 единици продадени само во текот на мај, а 125.759 од почетокот на годината во целиот свет.

Audi наскоро ќе добие „засилување“ во најбргу растечкиот сегмент во индустријата, бидејќи неодамна го претстави моделот Q8, SUV купе, кој на пазарот во Европа ќе се најде во третиот квартал од оваа година.

Овој произведувач во првите пет месеци од 2018 година продаде 258.413 возила во Кина, а секое петто Audi во најбројната земја на светот е SUV Q5.

Порасна и продажбата во Северна Америка за 1,6 отсто, додека во Европа доживеа благ пад.

Коментирај