Секоја генерација има свое детство

Секогаш ми се враќа истото чувство од пред 30 години кога ќе слушнам како возрасен му се обраќа на дете со намера да го оддалечи од пред ТВ екранот.

„Не стој толку блиску“, „Врати се поназад“, „Штетно е за очите“ итн. Пред многу децении, тоа беа главните пораки за технологијата кон децата од страна на родителите, бабите и дедовците.

Тие траеја од појавата на телевизорот, па се до пред 15тина години. Односно, до масовната употреба на компјутерите, потоа на лаптопите, па паметните телефони и таблетите. Технологијата оди само напред, а родителите ги повторуваат истите реченици на своите деца.

Но, денес, главните „кавги“ се водат и околу времето поминато на интернет од страна на детето, периодот на играње компјутерски или онлајн игри, квизови, гледање на видеа, следење на инфлуенсери-гејмери...

Тука се „кршат копјата“. Главната дилема на родителите е до кога ќе можат да имаат контрола врз содржините кои детето ги гледа на интернет или како да бидат сигурни и спокојни дека нивното дете е безбедно во онлајн просторот.

Изминатата недела, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) излезе со Извештај во кој се констатира дека само 10 проценти од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола. Ова Истражување покажа и дека половина од оние кои моментално немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел од нив не знаат каде можат да го купат.

Токму затоа, во рамките на општествено одговорната компонента која ја спроведуваме заедно со ИТ компанијата КабТел продолжуваме да укажуваме дека голема поддршка на родителите играат софтверите за онлајн родителска заштита. Safe Kids е еден од нив кој е достапен на нашиот пазар.

Токму Safe Kids е мулти-платформа која им помага на родителите да создадат и пронајдат нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Таа им помага на родителите да ги мониторираат информациите, им дава потврда за локација на кое се наоѓа детето, управување со времето поминато на уредот, како и севкупна заштита од онлајн ризиците кои демнат врз најмалите. Safe Kids помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап само до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации кои се соодветни за нивната возраст. Целта на овој софтвер е да се заштитат децата од пристапување кон интернет содржини кои се неадекватни за нивната возраст и кои можат да го нарушат нивниот развој, но и да ги вознемират или направат агресивни.

Еве, баш минатата недела, бев на очен преглед. Иако носам наочари од своето рано детство, овој преглед го направив после повеќе години. Докторката констатираше мало влошување на видот, главно поради астигматизмот кој од секогаш го имам.

Ова ми е прва корекција (и тоа мала) на диоптерот после 10 години. Точно толку време помина и откако стручно се насочив во делот на социјалните медиуми. Зборуваме за секојдневно поминување на компјутер и мобилен телефон на повеќе од 10 часа.

Така што главната опасност веќе не е опасноста по видот, иако и таа постои. Главно е како да израснеме идни генерации кои ќе знаат како правилно да се однесуваат на интернет. Генерации кои интернетот нема да ги повреди, но и деца кои ќе научат дека во животот никого не треба на навредат додека се онлајн, користејќи говор на омраза или навреда. Особено да не бидат како дел од нас кои ниските страсти како завист и љубомора широко ги постеламе преку социјалните медиуми. Туку, младина која ќе изгради цврсти и стабилни личности со вистинска онлајн репутација кои ќе ги ползуваат само придобивките од интернетот.

Но, затоа треба да прифатиме дека секоја генерација има своја битка, но и само свое детство. Тие, „новите девојки и дечки“, не може да го живеат нашето детство од пред децении, туку она кое ним им припаѓа. А, нивното детство во голема мера се базира и на интернетот и новите технологии. Наше е да ги заштитиме и насочиме, сè понатаму зависи и треба да зависи од нив!

Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе